From Wikipedia, the free encyclopedia
Оваа статија дава подетален преглед на натпреварите од завршната фаза на изданието 2017-2018 на Купот на Италија во фудбал.
Фаза | Рунда | Прв натпревар | Втор натпревар |
---|---|---|---|
Завршна фаза | Осминафинале | 12-13-14-19-20 декември 2017 | |
Четвртфинале | 26-27 декември 2017, 2-3 јануари 2018 | ||
Полуфинале | 30-31 јануари 2018 | 28 февруари 2018 | |
Финале | 9 мај 2018 |
Легенда |
---|
Финалисти на Купот на Италија 2017-2018 |
Полуфиналисти |
Елиминирани во четвртфинале |
Елиминирани во осминафинале |
Осминафинале | Четвртфинале | Полуфинале | Финале | |||||||||||||
Наполи | 1 | |||||||||||||||
Удинезе | 0 | |||||||||||||||
Наполи | 1 | |||||||||||||||
Аталанта | 2 | |||||||||||||||
Аталанта | 2 | |||||||||||||||
Сасуоло | 1 | |||||||||||||||
Аталанта | 0 | 0 | 0 | |||||||||||||
Јувентус | 1 | 1 | 2 | |||||||||||||
Јувентус | 2 | |||||||||||||||
Џенова | 0 | |||||||||||||||
Јувентус | 2 | |||||||||||||||
Торино | 0 | |||||||||||||||
Рома | 1 | |||||||||||||||
Торино | 2 | |||||||||||||||
Јувентус | 4 | |||||||||||||||
Милан | 0 | |||||||||||||||
Милан | 3 | |||||||||||||||
Верона | 0 | |||||||||||||||
Милан (прод.) | 1 | |||||||||||||||
Интер | 0 | |||||||||||||||
Интер (пен.) | 0 (5) | |||||||||||||||
Порденоне | 0 (4) | |||||||||||||||
Милан (пен.) | 0 | 0 | 0 (5) | |||||||||||||
Лацио | 0 | 0 | 0 (4) | |||||||||||||
Лацио | 4 | |||||||||||||||
Читадела | 1 | |||||||||||||||
Лацио | 1 | |||||||||||||||
Фјорентина | 0 | |||||||||||||||
Фјорентина | 3 | |||||||||||||||
Сампдорија | 2 |
Осминафиналните натпревари се одиграле од 12 до 20 декември 2017.
13 декември 2017 | Фјорентина | 3–2 | Сампдорија | Фиренца |
---|---|---|---|---|
17:30 |
Извештај | Стадион: Стадион Артемио Франки Гледачи: 7,038 Судија: Росарио Абисо |
14 декември 2017 | Лацио | 4–1 | Читадела | Рим |
---|---|---|---|---|
21:00 |
|
Извештај |
|
Стадион: Стадион Олимпико Гледачи: 5,000 Судија: Рикардо Пинцани |
Натпреварите се одиграле на 26 декември 2017 до 3 јануари 2018.
26 декември 2017 | Лацио | 1–0 | Фјорентина | Рим |
---|---|---|---|---|
21:00 |
|
Извештај | Стадион: Стадион Олимпико Гледачи: 25,000 Судија: Антонио Дамато |
3 јануари 2018 | Јувентус | 2–0 | Торино | Торино |
---|---|---|---|---|
20:45 |
Даглас Коста 15' Манџукиќ 67' |
Извештај | Стадион: Стадион Алијанц Гледачи: 37,763 Судија: Даниеле Довери |
Натпреварите се одиграле на 30 и 31 јануари (први натпревари), и 28 февруари 2018 (реваншите).
28 февруари 2018 | Лацио | 0–0 (прод.) (0–0 вк. рез.) (4–5 пен.) |
Милан | Рим |
---|---|---|---|---|
20:45 |
Извештај | Стадион: Стадион Олимпико Гледачи: 40,000 Судија: Џанлука Роки | ||
Пенали | ||||
Имобиле Милинковиќ-Савиќ Лукас Пароло Фелипе Андерсон Лулиќ Луис Фелипе |
Родригес Монтоливо Бонавентура Борини Бонучи Чалханоглу Ромањоли |
Во финалето на Купот на Италија 2017-2018 се пласирале екипите на Јувентус и Милан. Финалето се одиграло на 9 мај 2018, на стадионот Олимпико во Рим со почеток од 21:00 часот.
Откако во првото полувреме не бил виден ниту еден погодок, резултатот бил отворен после 11 минути од продолжението: бранителот на титулата Јувентус, прв го нанел својот удар кога по корнерот на Миралем Пјаниќ, најдобро во шеснаесеттникот на Милан се снашол дефанзивецот Меди Бенатија, кој со глава ја пратил топката во мрежата на росонерите. Се чини дека тоа бил одлучувачкиот момент во финалето, бидејќи само пет минути подоцна преку Даглас Коста бјанконерите постигнале уште еден гол за водство од 2-0. Ударот на бразилецот од 18-метри бил во опсегот на голманот на Милан, Џанлујџи Донарума, кој не изреагирал добро при ударот и ја одбил топката во сопствената мрежа. Само три минути подоцна нова грешка на Донарума и нов гол за Јуве; ударот со глава на Марио Манџукиќ во прв момент го одбранил Донарума, но потоа топката му испаднала од рацете а од непосредна близина до голот тоа го искористил Бенатија, за да го постигне својот втор гол и да ја зголеми предноста на Јувентус на три гола. Конечните 4-0 за Јувентус, биле поставени во 76-тата минута и тоа повторно по корнер од левата страна кој го извел Пјаниќ (двата гола на Бенатија претходно бил постигнати по корнери од оваа страна кој ги извел босанско-херцеговскиот играч), но овојпат наместо играч на Јувентус со топката играл напаѓачот на Милан, Никола Калиниќ, кој си постигнал автогол.
Победата на Јувентус со 4-0, била највисоката победа во финалето на Купот на Италија откако натпреварите повторно се играат во еден натпревар (од сезоната 2007-2008). Воедно, победа со четири гола разлика, претставува и најубедливата победа во историјата на финалињата на Купот на Италија (играни во еден натпревар), а истата со овој натпревар се повторила по четврти пат: по Торино-Алесандрија 5-1 (1936), Торино-Венеција 4-0 (1943) и Наполи-Верона 4-0 (1976).
Јувентус[1]
|
Милан[1]
|
Помошни судии:
|
Правила на натпреварот[2]
|
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.