From Wikipedia, the free encyclopedia
Фудбалската репрезентација на Хрватска ја претставува Хрватска на меѓународните фудбалски натпреватувања и е под контрола на Фудбалскиот сојуз на Хрватска (HNS - Hrvatski nogometni savez). Формирана е 1990 година.
Сојуз | Фудбалски сојуз на Хрватска | ||
---|---|---|---|
Конфедерација | УЕФА (Европа) | ||
Селектор | Златко Далиќ | ||
Капитен | Дарио Срна | ||
Најмногу настапи | Дарио Срна (134) | ||
Најдобар стрелец | Давор Шукер (45) | ||
Домашен стадион | Максимир | ||
ФИФА код | CRO | ||
| |||
Пласман на рангирањето на ФИФА | |||
Моментално | 15 (ноември 2017) | ||
Највисок | 3 (јануари 1999) | ||
Најнизок | 125 (март 1994) | ||
Прв меѓународен натпревар | |||
Хрватска 4–0 Швајцарија (Загреб, Хрватска; 2 април 1940) Од 1990 Хрватска 2-1 САД (Загреб, Хрватска; 17 октомври 1990) | |||
Најголема победа | |||
Хрватска 7–0 Австралија (Загреб, Хрватска; 6 јуни 1998) Хрватска 7–0 Андора (Загреб, Хрватска; 7 октомври 2006) | |||
Најлош пораз | |||
Шпанија 6–0 Хрватска (Елче, Шпанија; 11 септември 2018) | |||
Светско првенство | |||
Учества | 5 (првпат во 1998) | ||
Најдобар резултат | трето место 1998 | ||
Европско првенство | |||
Учества | 4 | ||
Најдобар резултат | четврт-финале, 1996, 2008 |
Призната од страна на ФИФА, фудбалската репрезентација на Хрватска во минатото одиграла деветнаесет натпревари за Бановина Хрватска и Независна Држава Хрватска во периодот помеѓу 1940 и 1944.[1] Првиот натпревар го одиграла на 2 април 1940 година, кога ја победиле репрезентацијата на Швајцарија со 4-0 во Загреб. Подоцна со приклучувањето на Хрватска во Југославија оваа репрезентација била укината и Хрватска не настапувала самостојно, туку нејзините играчи играле за југословенската репрезентација.
Со распадот на Југославија, во 1990 Хрватска повторно формирала репрезентација (официјалното формирање), која во 1993 официјално станала членка на ФИФА и на УЕФА.[2] Првиот официјален натпревар во рамките на денешната држава, Хрватска го одиграла на 5 јули 1992 против Австралија. За првпат во квалификациите за едно натпреварување Хрватска учествувала во квалификациите за Евро 1996 и се пласирала на ова натпреварување, стигнувајќи до четврт-финалето. Досега Хрватска има 4 настапи на Светските првенства, а најдобар резултат им е третото место во Франција 1998. На Европските првенства исто така досега настапила 4 пати, а најдобар резултат им е четврт-финале каде играле двапати во 1996 и 2008.
Најголемиот број домашни натпревари хрватската репрезентација ги игра во Загреб на Стадионот Максимир. Прекарот на репрезентацијата е Огнените или Коцкестите (по коцките во црвена и бела боја што ги имаат на дресот).
Фудбалот во Хрватска го донеле двајца англиски иселеници во Риека и Жупања во 1873 година. Во 1896 година бил донесе и официјалниот правилник на играта. До 1907 година биле формирани неколку локални фудбалски клубови.[3] Според официјалните исторски пишани документи на ФИФА, својот прв (неофицијален) натпревар во историјата хрватската репрезентација го одиграла на 23 јуни 1907 година.[2][4] Пред независноста, хрватските фудбалери играле за репрезентациите на Кралството Југославија (1919-1939) и Социјалистичка Федеративна Република Југославија (1945 - 1990), иако периодите на политички немири биле одиграни и неколку неофицијални натпревари.[5]
Во 1940 година Јозо Јакоповиќ како капитен ја предводел неофицијалната фудбалска репрезентација на тогашната Бановина Хрватска во четири пријателски натпревари: две против Швајцарија и два против Унгарија.[1] Така, својот прв официјален натпревар како независна држава Хрватска го одиграла на 2 април 1940 година во Загреб против Швајцарија и е завршен со победа на Хрватска од 4-0. По инвазијата на Силите на Оската Хрватскиот фудбалски сојуз на кратко станал активен приклучувајќи и се на ФИФА на 17 јули 1941 година под покровителство на Независна Држава Хрватска. Тогашната репрезентација чиј селектор бил Рудолф Хитрец одиграла севкупно петнаесет пријателски натпревари од кој четиринаесет како официјална членка на ФИФА.[2][6] Првиот официјален натпревар како членка на ФИФА, Хрватска го забележала против Словачка на 8 септември во Братислава, играјќи нерешено 1-1.[1] Следните натпревари се одиграле до 1945 година, кога Незавсна Држава Хрватска била укината и Хрватска официјално станала членка на СФРЈ со што ја загубила својата сопствена репрезентација и соработка со ФИФА.[6]
Во периодот помеѓу 1945 и 1990 година, Хрватска се наоѓала во состав на СФРЈ и нејзините играчи настапувале за југословенската репрезентација. Најдобрите резултати на Југославија се четвртото место на Светското првенство 1962 во Чиле и второто место на Европското првенство 1968 во Италија: и во двете финалиња (во првиот случај се работи за мало финале, натпревар за трето место), репрезентацијата била поразен од страна на домаќините. Последниот натпревар кој го одиграла репрезентацијата на Југославија со хрватски играчи во својот состав бил оној против Шведска на 16 мај 1991 година, само неколку дена пред одржувањето на хрватскиот референдум за независност.[7]
Во текот на 1990 година иако Хрватска сè уште била во состав на Југославија веќе била обновена хрватската фудбалска репрезентација, која својот прв натпревар во поновата историја го одиграла на 17 октомври 1990 против САД, на Стадионот Максимир и победила со резултат 2-1.[8] Тој натпревар бил еден од трите во кој репрезентацијата ја водел првиот официјален селектор на хрватската фудбалска репрезентација Дражен Јерковиќ. Под негово водство репрезентацијата победила уште во два натпревари пред да станат нови селектори Станко Поклеповиќ и Влатко Марковиќ кој накратко ја воделе репрезентацијата. Натпреварот против САД исто така послужил за претставување на дресовите на хрватската репрезентација. Дизајнирани со помош на шаховски коцки со грбот кој се наоѓа на официјалното знаме на Република Хрватска, дресовите биле сметани за многу професионални и оригинални, и станале и еден од најпрепознатливите хрватски брендови генерално.[9] Иако Хрватска сè уште била дел од СФРЈ до официјалното прогласување на независноста на 8 октомври 1991 година, овој состав веќе се сметал за официјалната фудбалска репрзентација на Хрватска.[10][11]
Во средината на 1992 година Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) го обновил членството во ФИФА, и е примен во членството на УЕФА. ФИФА не ги признала настапите на пред независноста на Хрватска па на официјалната ранг-список на ФИФА репрезентацијата тргнала од 125-тото место.[12]
За првпат во квалификациите за некое од големите натпреварувања Хрватска учествувала во квалификациите за Европското првенство 1996 под водство на тогашниот селектор Мирослав Блажевиќ, со што својот прв официјален натпревар (не сметајќи ги пријателските) го одиграла на 4 септември 1994 против Естонија во Талин, победувајќи со 2-0 со два гола на Давор Шукер. Откако во квалификациите го зазеле првото место со 23 бода (колку што имала и Италија, но Хрватска имала подобра гол-разлика), хрватите како дебитанти во квалификациите се пласирале на нивниот првиот голем меѓународен настан Европското првенство 1996 во Англија, каде ја минале групната фаза и биле елиминирани од Германија со 2-1 во четвртфиналето. Две години подоцна, Хрватска била најпријатното изненадување на Светското првенство 1998 во Франција: тие го освоиле третото место по поразот од домаќинот во полуфиналето и победата со 2-1 над Холандија во натпреварот за третото место. Напаѓачот Давор Шукер бил најдобар стрелец на првенството со шест постигнати гола.
Откако не успеала да се квалификува за Евро 2000, Хрватска учествувала на Светското првенство во 2002 во Јапонија и Јужна Кореја, но била елиминирана уште во првиот круг иако во второто коло од групната фаза го победиле некогашниот Светски шампион Италија со 1-2. На Европското првенство 2004 во Португалија, Хрватска го освоила третото место во својата група, со што била елиминирана (понатаму одат првите две репрезентации од секоја група) уште во првата фаза, а истото им се случило и на Светското првенство 2006 во Германија; притоа и на двете натпреварување не успеале да дојдат до победа во решавачките двобои со која би се пласирале понатаму (на Европското против Англија пораз 2-4, а на Светското одиграле 2-2 со Австралија иако Хрватска двапати во натпреварот водела).
Во квалификациите за Евро 2008, Хрватска двапати ја совладала Англија со 2-0 во Загреб (во октомври 2006) и со 2-3 на Новиот Вембли во Лондон (во ноември 2007 година). Резултатот од вториот натпревар меѓу двете репрезентации значел елиминација за Англија, на која и бил потребен само бод, со кој би се пласирала на завршницата од турнирот.[13] Така, Хрватска се квалификувала на натпреварувањето заедно со Русија, освојувајќи дури 29 бода. Во завршницата на турнирот во Австрија и Швајцарија, Хрватска стигнала до четврт-финалето против Турција, каде загубила на пенали.
Елиминирана во квалификациите за Светското првенство 2010, Хрватска обезбедила настап на Европското првенство 2012, совладувајќи ја Турција во бараж-двомечот. Нивната авантура во Полска и Украина завршила во првиот круг со една победа (против Ирска), едно реми (со Италија) и еден пораз (во последното коло од Шпанија). Напаѓачот Марио Манџукиќ бил најдобар стрелец на првенството со 3 постигнати гола, заедно со уште 5 други играчи кој постигнале исто толку.[14] Хрватска се квалификувала и за Светското првенство 2014 преку уште еден бараж, овој пат против Исланд. Во првиот натпревар на турнирот загубиле од домаќинот Бразил (со резултат од 3-1), а потоа славеле убедлива победа со 4-0 над Камерун: во одлучувачкиот натпревар за пласман во следната рунда коцкестите загубиле од Мексико со 3-1, со што отпаднале за сметка на нивните соперници од Северна Америка.
За време на квалификациите за ЕП 2016, каде што обезбедиле пласман како второпласирани во групата Х (зад Италија), на Хрватска и бил одземен еден бод за присуство на свастика на тревата за време на натпреварот против Италија игран на Пољуд во Сплит.
Светско првенство | Квалификации за Светско првенство | ||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Домаќин/Година | Рунда | Поз. | ОН | П | Н | З | ДГ | ПГ | ОН | П | Н | З | ДГ | ПГ | |
1930-1990 | Учествувале во состав на СФРЈ | Учествувале во состав на СФРЈ | |||||||||||||
1994 | Не учествувале | Не учествувале | |||||||||||||
1998 | Трето место | 3 | 7 | 5 | 0 | 2 | 11 | 5 | 10 | 5 | 4 | 1 | 20 | 13 | |
2002 | Групна фаза | 23 | 3 | 1 | 0 | 2 | 2 | 3 | 8 | 5 | 3 | 0 | 15 | 2 | |
2006 | Групна фаза | 22 | 3 | 0 | 2 | 1 | 2 | 3 | 10 | 7 | 3 | 0 | 21 | 5 | |
2010 | Не се квалификувале | 10 | 6 | 2 | 2 | 19 | 13 | ||||||||
2014 | Групна фаза | 19 | 3 | 1 | 0 | 2 | 6 | 6 | 12 | 6 | 3 | 3 | 14 | 9 | |
2018 | Ќе учествуваат во квалификациите | Ќе учествуваат во квалификациите | |||||||||||||
2022 | |||||||||||||||
Вкупно | 4/20 | 16 | 7 | 2 | 7 | 21 | 17 | 50 | 29 | 15 | 6 | 89 | 42 |
Европски првенства | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Година | Рунда | Позиција | ОН | П | Н | З | ДГ | ПГ |
1960-1992 | Учествувале во состав на СФРЈ | |||||||
1996 | Четврт-финале | 7-ми | 4 | 2 | 0 | 2 | 5 | 5 |
2000 | Не се квалификувале | |||||||
2004 | Групна фаза | 13-ти | 3 | 0 | 2 | 1 | 4 | 6 |
2008 | Четврт-финале | 5-ти | 4 | 3 | 1 | 0 | 5 | 2 |
2012 | Групна фаза | 10-ти | 3 | 1 | 1 | 1 | 4 | 3 |
2016 | Се квалификувале | |||||||
Вкупно | Групна фаза | 5/6 | 14 | 6 | 4 | 4 | 18 | 16 |
Последна промена 4 април 2016.
# | Играч | Реп. кариера | Број на настапи | Број на голови | Прв настап |
---|---|---|---|---|---|
1 | Дарио Срна[15][16][17] | 2002-2016 | 134 | 22 | 20 ноември 2002 |
2 | Стипе Плетикосa | 1999-2014 | 114 | 0 | 10 февруари 1999 |
3 | Јосип Шимуниќ | 2001-2013 | 105 | 3 | 10 ноември 2001 |
4 | Ивица Олиќ | 2002-2015 | 104 | 18 | 13 февруари 2002 |
5 | Дарио Шимиќ | 1996-2008 | 100 | 3 | 10 март 1996 |
6 | Лука Модриќ | 2006- | 94 | 10 | 1 март 2006 |
7 | Ведран Чорлука | 2006– | 93 | 4 | 16 август 2006 |
8 | Роберт Ковач | 1999-2009 | 84 | 0 | 28 април 1999 |
9 | Нико Ковач | 1996–2008 | 83 | 14 | 11 декември 1996 |
10 | Иван Ракитиќ | 2007- | 81 | 13 | 8 септември 2007 |
Роберт Јарни | 1990-2002 | 81 | 1 | 22 декември 1990 | |
Нико Крањчар | 2004-2013 | 81 | 16 | 18 август 2004 |
За целосниот список појдете на тука.
# | Играч | Реп. кариера | Бр. голови | Бр. настапи | ПГПН |
---|---|---|---|---|---|
1 | Давор Шукер[15][18][19] | 1990-2002 | 45 | 69 | 0.652 |
2 | Едуардо да Силва | 2004-2014 | 29 | 64 | 0.453 |
3 | Марио Манџукиќ | 2007- | 28 | 65 | 0.323 |
4 | Дарио Срна | 2002-2016 | 22 | 129 | 0.162 |
5 | Ивица Олиќ | 2002-2015 | 20 | 104 | 0.192 |
6 | Нико Крањчар | 2004-2013 | 16 | 81 | 0.197 |
Иван Перишиќ | 2011- | 16 | 54 | 0.266 | |
8 | Горан Влаовиќ | 1992-2002 | 15 | 52 | 0.288 |
9 | Нико Ковач | 1996-2008 | 14 | 83 | 0.168 |
10 | Младен Петриќ | 2001-2013 | 13 | 45 | 0.289 |
За целосниот список појдете на тука.
Првиот официјален дрес на хрватската фудбалска репрезентација го дизајнирал академскиот сликар Мирослав Шутеј во 1990 година. Иако малку е променет откако спонзор станал Nike, дресот воглавно го задржал националниот идентитет. Исто така, шаховницата присутна на официјалниот грб на Република Хрватска, како и надресот на фудбалската репрезентација се користи се почесто и на дресовите во останатите спортови - било екипни или поединачни.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.