Фудбалска репрезентација на Велс
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фудбалската репрезентација на Велс го претставува Велс на меѓународните фудбалски натпреварувања и е под контрола на Фудбалската Асоцијација на Велс (FAW), третата најстара национална фудбалска асоцијација во светот.
Прекари(и) | The Dragons (Змејовите) | ||
---|---|---|---|
Сојуз | ФАВ | ||
Конфедерација | УЕФА (Европа) | ||
Селектор | Рајан Гигс | ||
Капитен | Ешли Вилијамс | ||
Најмногу настапи | Крис Гантер (96) | ||
Најдобар стрелец | Гарет Бејл (33) | ||
Домашен стадион | Стадион на Кардиф Сити | ||
ФИФА код | WAL | ||
| |||
Пласман на рангирањето на ФИФА | |||
Моментално | 23 (19 септември 2019) | ||
Највисок | 8 (октомври 2015) | ||
Најнизок | 117 (август 2011) | ||
Прв меѓународен натпревар | |||
Шкотска 4 - 0 Велс (Глазгов, Шкотска; 26 март 1876) | |||
Најголема победа | |||
Велс 11 - 0 Ирска (Рексам, Велс; 3 март 1888) | |||
Најлош пораз | |||
Шкотска 9 - 0 Велс (Глазгов, Шкотска; 23 март 1878) | |||
Светско првенство | |||
Учества | 1 (Прв пат во 1958) | ||
Најдобар резултат | Четвртфинале, 1958 | ||
Европско првенство | |||
Учества | 1 | ||
Најдобар резултат | Полуфинале, 2016 |
Иако територијално е дел од Обединетото Кралство, Велс отсекогаш имал своја репрезентација во фудбал која играла на големи меѓународни турнири, освен на Олимписките игри, бидејќи Меѓународниот олимписки комитет отсекогаш ја признавал само Велика Британија.
Во досегашната историја на репрезентацијата, Велс се квалификувал на два големи меѓународни турнири. Тие стигнале до четвртфиналето на Светското првенство 1958 што до денес е единствениот нивен настап на завршницата на некое Светско првенство. Покрај тоа, Велс исто така само еднаш досега се квалификувал и за Европското првенство, стигајќи до полуфиналето на првенството во 2016 година.
Во сите репрезентативни нивоа, вклучително и младинските репрезентации, репрезентацијата на Велс влече играчи пред сè од клубови од англискиот лигашки фудбалски систем. Главните професионални велшки клубови исто така играат во англиските лиги, а некои професионални клубови играат и во велшкиот лигашки фудбалски систем.