Сончев Систем
нашиот ѕвезден систем / From Wikipedia, the free encyclopedia
Сончев Систем — гравитациски врзан систем на Сонцето и објектите што кружат околу него, непосредно или посредно.[б 2] Од објектите кои орбитираат непосредно околу Сонцето, најголеми се осумте планети, [б 3] а останатите се помали објекти, џуџестите планети и мали тела на Сончевиот Систем. Од објектите што посредно кружат околу Сонцето - природните сателити - два се поголеми од најмалата планета Меркур, а уште еден е речиси еднаков по големина.[б 4]
Сонцето и планетите (растојанието е вон размер) | |
Возраст | 4,568 милијарди години |
---|---|
Местоположба | |
Маса | 1,0014 Сончева маса |
Најблиска ѕвезда |
|
Најблизок познат планетарен систем | Проксима Кентаур систем (4.25 ly) |
Планетарен систем | |
Полу-главна оска на надворешната позната планета(Нептун) | |
Растојание до Кајперов Појас | 50 ае |
Популација | |
Ѕвезди | 1 (Сонце) |
Known planets | |
Познати џуџести планети | |
Познати природни сателити |
|
Познати мали планети | 796,354[б 1][3] |
Познати комети | 4,143[б 1][3] |
Идентификувани околински сателити | 19 |
Орбита околу Галатички центар | |
Непроменлива-до-galactic plane наклонетост | 60.19° (еклиптика) |
Растојание до Галактички Центар | 27,000 ± 1,000 ly |
Орбитална брзина | 220 км/сек; 136 mps |
Орбитален период | 225–250 myr |
Својства поврзани со ѕвездите | |
Спектрален тип | G2V |
Линија на замрзнување | ≈5 ае[4] |
растојание до хелиосфера | ≈120 ае |
Радиус на Хилова сфера | ≈1–3 ly |
Сончевиот Систем бил формиран пред 4,6 милијарди години од гравитациски колапс на џиновски меѓуѕвезден молекуларен облак. Огромното мнозинство од масата на системот е на Сонцето, а поголемиот дел од преостанатата маса се наоѓа во Јупитер. Четирите помали планети од внатрешниот систем, Меркур, Венера, Земја и Марс, се копнени планети, кои првенствено се составени од карпи и метал. Четирите планети од надворешниот систем се џиновски планети, кои се значително помасивни од копнените. Двете најголеми планети, Јупитер и Сатурн, се гасовити џинови, составени главно од водород и хелиум; двете најоддалечени планети, Уран и Нептун, се ледени џинови, кои се составени главно од супстанции со релативно високи точки на топење во споредба со водородот и хелиумот, наречени испарливи, како што се вода, амонијак и метан. Сите осум планети имаат речиси кружни орбити кои се наоѓаат во речиси рамен диск наречен еклиптика.
Сончевиот Систем содржи и помали објекти. Астероидниот појас, кој се наоѓа помеѓу орбитите на Марс и Јупитер, главно содржи објекти составени, како копнените планети, од карпи и метал. Надвор од орбитата на Нептун се наоѓа Кајперовиот Појас и расеаниот диск, кои се популации на Заднептунските планети составени претежно од мраз, а надвор од нив новооткриена популација на сендоии. Во рамките на овие популации, некои објекти се доволно големи за да се заокружат под сопствената гравитација, иако постои значителна дебата за тоа колку ќе се покажат.[5][6] Таквите објекти се категоризираат како џуџести планеи. Астрономите генерално прифаќаат најмалку девет објекти како џуџести планети: астероидот Церера и заднептунските објекти Плутон, Ерида, Хаумеја, Макемаке, Квавар, Седна и Орк. Покрај овие два региона, разни други популации со мали тела, вклучувајќи комети, кентаури и меѓупланетарен облак од прашина, слободно патуваат меѓу регионите. Шест од планетите, шестте најголеми можни џуџести планети и многу од помалите тела орбитираат од природни сателити, кои обично се нарекуваат „месечини“ по Месечината. Секоја од надворешните планети е опкружена со планетарни прстени од прашина и други мали објекти.
Сончевиот ветер, млаз од наелектризирани честички што течат нанадвор од Сонцето, создава област во вид на меур во меѓуѕвездената средина позната како хелиосфера. Хелиопаузата е точката во која притисокот од сончевиот ветер е еднаков на спротивставениот притисок на меѓуѕвездената средина; се протега до работ на расфрланиот диск. Ортовиот Облак, за кој се смета дека е извор на долгопериодични комети, може да постои и на оддалеченост приближно илјада пати подалеку од хелиосферата. Сончевиот Систем се наоѓа на 26.000 светлосни години од центарот на галаксијата Млечен Пат во кракот на Орион, кој ги содржи повеќето видливи ѕвезди на ноќното небо. Најблиските ѕвезди се во т.н. Месен Меур, со најблиската Проксима Кентаур, на 4,25 светлосни години.