![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/a/a5/Artist%25E2%2580%2599s_impression_of_bright_exozodiacal_light.tif/lossy-page1-640px-Artist%25E2%2580%2599s_impression_of_bright_exozodiacal_light.tif.jpg&w=640&q=50)
Меѓупланетарен облак од прашина
From Wikipedia, the free encyclopedia
Меѓупланетарниот облак од прашина (или зодијачки облак) е составен од космичка прашина (честички што лебдат во вселената) која преовладува во просторот помеѓу планетите во рамките на планетарните системи, каков што е и Сончевиот Систем.[1] Овие честички биле проучувани долги години со цел да се сфати нивната природа, потекло и поврзаност со поголемите тела.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/a/a5/Artist%E2%80%99s_impression_of_bright_exozodiacal_light.tif/lossy-page1-640px-Artist%E2%80%99s_impression_of_bright_exozodiacal_light.tif.jpg)
Во Сончевиот Систем, меѓупланетарната прашина ја расејува сончевата светлина и емитира топлинско зрачење - напознато зрачење на ноќното небо, со бранови должини од 5 до 50 μm.[2] Големината на зрнцата кои се одликуваат со инфрацрвено зрачење во близина на Земјината орбита најчесто е од 10 до 100 μм.[3]
Вкупната маса на меѓупланетарниот облак од прашина е приближно еднаква со масата на астероид со полупречник од 15 км (со густина од околу 2,5 г/см3).[4] Го опкружува зодијакот долж еклиптиката, и овој облак од прашина може да се види како зодијачка светлина во темни ноќи без месечина и најдобро се гледа во насока на сонцето за време на астрономски самрак.
Со набљудувањата на вселенското летало Пионир 10 во 1970-тите појавата на зодијачка светлина се поврзала со меѓупланетарен облак од прашина во Сончевиот Систем.[5] Исто така, ВБСДЦ инструментот на сондата Нови Хоризонти бил дизајниран да ги открива ударите на прашината од зодијачкиот облак во Сончевиот Систем.[6]