From Wikipedia, the free encyclopedia
Семејство (потесно семејство) — семејна заедница што се состои само од брачна двојка или од родители (двајца или еден) и нивните деца кои не се во брак. Под семејство се подразбира и заедница на партнери кои живеат заедно, а законски немаат засновано брачна заедница.
Во согласност со дефиницијата за семејство, се разликуваат следните типови на семејства:
Зборот семејство води потекло од зборот семе. Како поим во секојдневниот говор со семејство означуваме заедница од родители и потомци. Клучната цел на таквата заедница е одгледување на потомците.
Реченицата на Владимир Илич Ленин дека: “...Семејството е основна клетка од која е изградено општеството“ го втемелува имањето потомство како предуслов за имање општество.
Семејството и општеството се појави кои не се забележани само кај луѓето, туку се чести во живиот свет.
Раните научници на семејната историја ја применувале Дарвиновата теорија за биолошката еволуција во својата теорија на еволуцијата на семејните системи.[1] Американскиот антрополог Луис Хенри Морган ја објави Античко Општество во 1877 година врз основа на неговата теорија за трите фази на човековиот напредок од дивјаштво преку варварство до цивилизацијата. Книгата е инспирација за книгата на Фридрих Енгелс Потеклото на семејството, приватната сопственост и државата објавена во 1884 година.[2]
Енгелс ја прошири хипотезата на Морган според која економските фактори ја предизвикале трансформацијата на примитивната заедница во општество одделено според класи.[3] Енгелсовата теорија за контрола на ресурси, а подоцна и онаа на Карл Маркс беше користена за да се објасни причината и последицата на промената на семејната структура и функција.
"Популарната мудрост", според Зин и Ејтзен, ги гледа семејните структури од минатото, како супериорни во однос на денешните, и семејствата како постабилни и посреќни во времето кога тие не морале да се соочат со проблемите како што се вонбрачните деца и разводот. Тие реагираат на ова велејќи дека "нема златно доба на семејството кое сјае во нас од далечното историско минато."[4] "Напуштањето на брачните другари, вонбрачните деца, како и други услови кои се сметаат за одлики на модерните времиња постоеле и во минатото."[5]
Во западниот свет, браковите веќе не се аранжирани за економски, социјални или политички цели, и децата веќе не се очекува да придонесат на семејниот приход. Наместо тоа, луѓето избираат партнери врз основа на љубов. Ова зголемување на улогата на љубовта укажува на општествената промена кон фаворизирање на емоционална исполнетост и односи во рамките на семејството и оваа промена ја слабее институцијата на семејството.[6]
Моделот на семејниот триаголник, маж-жена-деца изолирани од надворешноста, се нарекува Едипов модел на семејство, и е форма на патријархално семејство. Многу филозофи и психијатри го анализирале таквиот модел. Во таквото семејство, тврдат тие, младите се развиваат во изопачен однос, при кој тие учаат да го сакаат истото лице што ги удира и угнетува. Тие веруваат дека малите деца растат и развиваат љубов кон некој кој ги угнетува физички или ментално, и дека овие деца не се одгледуваат на начин што ќе ги направи емоционално приврзани со останатите.[7] Според овие филозофи семејството затоа претставува првата ќелија на фашистичкото општество, бидејќи децата ќе го носат овој однос на љубов за угнетувачки личности во нивните возрасни животи.[8][9]
Како што е објаснето од страна на Делез, Гатари и Фуко, како и други филозофи и психијатри, како што се Ленг и Рајх, патријархалното семејство зачнато во традицијата на Западот им служи на целите на овековечувањето на пропертарното и авторитарното општество.[10] Детето расте според Едиповиот модел, кој е типичен за структурата на капиталистичките општества,[11][12] и тој станува сопственик на покорни деца и “заштитник“ на жената.[13][14][15][16][17]
Мишел Фуко, во неговото систематско проучување на сексуалноста, тврди дека наместо да биде само потиснат, желбите на поединецот ефикасно се мобилизираат и да се користат,[8] за контрола на поединецот, за менување на меѓучовечки односи и контрола на масите. Според Фуко организираната религија, преку моралните забрани, и економските сили, преку рекламирањето, ги користи несвесните сексуални нагони. Доминирајќи ја желбата, ги доминира луѓето.[18]
Одредени социјални научници се залагаат за укинување на семејството. Противник на семејството бил Сократ чии ставови се наведени од страна на Платон во Републиката.[19] Во Книга 5 од Републиката, Сократ им кажува на своите соговорници дека праведен град е оној во кој граѓаните немаат семејни врски.[20][21]
Според Марти Немко, семејството е преценето: „Политичари, свештеници, и обични луѓе го величат семејството како наша најзначајна институција. / Верувам дека семејството е преценето. Толку многу луѓе страдаат од семејството... / Милиони луѓе дури и не зборуваат со член од семејството. Милиони трошат години и пари на терапевти, обидувајќи се да се ослободат од злата кои семејството изврши врз нив. / Сето ова не треба да биде изненадување. Впрочем, за разлика од пријателите, ние сме со нашето семејство од потекло, по случаен избор, без да одлучиме.“[22]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.