Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мишел Фуко (француски: Michel Foucault; 15 октомври 1926 – 26 јуни 1984 ) — француски филозоф со катедра на Францускиот колеџ, на која и ја дал титулата „Историја на мисловните системи“. Неговите текстови се од огромно значење за хуманистичките и општествените науки. Делото на Фуко често се среќава во дисциплини како филозофија, историја, културни студии, социологија, образование, литература, менаџмент студии, урбан дизајн, како и многу други.
Фуко е добро познат по неговата критика на општествените иституции, особено на системите поврзани на различни начини за области како психијатрија, медицина и затвор. Неговите општи теории за моќ и односот меѓу моќта и знаењето во однос на историјата на западната мисла се дискутираат и применуваат нашироко.
Делото на Фуко често се опишува како постмодернист или пост-структуралист. За време на ’60-те, сепак, тој е почесто поврзуван со структуралистичкото движење. Иако тој на почетокот е среќен со овој опис, тој подоцна ја истакнува неговата оддалеченост од структуралистичкиот пристап, тврдејќи дека за разлика од структуралистите, тој го нема прифатено формалистички пристап. Тој исто така не е заинтересиран ни со постмодерната, тврдејќи дека многу поинтересна за дискусија е дефиницијата на „модерноста“.
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.