Северен Повратник
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Северен Повратник (наречен и Раков Повратник) — замислена кружница на најсеверната географска должина на Земјата на која Сонцето може да дојде нормално на Земјината површина, во зенитот. Оваа појава се јавува при јунскиот сонцестој, кога северната полутопка е во најголема мера наклонета кон Сонцето. На јужната полутопка кружницата што доаѓа нормално на површината се нарекува Јужен Повратник.
Овие кружници се две од петте напоредници што стојат на картите на светот (другите се Северниот Поларник, Јужниот Поларник и екваторот). Положбата на овие напоредници (освен екваторот) зависи од осниот наклон во однос на орбиталната рамнина.
Повратникот се нарекува и „Раков Повратник“ поради фактот што во времето на неговото именување Сонцето било во соѕвездието Рак за време на јунскиот сонцестој. Денес сонцето во ова време од годината се јавува во соѕвездието Бик. Промената се должи на појавата наречена прецесија на рамнодениците.
Моментално (епоха 2011) Северниот Повратник лежи 23° 26′ 16″ северно од екваторот.[1] Положбата на повратникот не е постојана, туку се поместува на југ со стапка од речиси половина секунда (0,47″ или 15 метри) годишно. Во 1917 г. повратникот се наоѓал точно на 23° 27' СГШ.[2]
На север од повратникот се наоѓаат суптропите и северниот умерен појас. Еквивалентната замислена кружница јужно од екваторот се нарекува Јужен Повратник, а подрачјето помеѓу нив (со екваторот во средина) се нарекува тропски појас.
Почнувајќи од нултиот меридијан, па на исток, Јужниот Повратник минува низ следниве места:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.