Јужен Поларник

поларник на јужната полутопка From Wikipedia, the free encyclopedia

Јужен Поларник

Јужен Поларник (Јужен Поларен Круг или Антарктички Круг) — еден од петте главни напоредници на картата на светот. Ова е замислениот обрач што минува на географска ширина од 66° 33′ 44″ (или 66,5622°) јужно од екваторот.[1][2]

Thumb
Јужниот Поларник на карта на светот.
Thumb
Карта на Антарктикот со Јужниот Поларник (сино).

Опис

Подрачјето јужно од Јужниот Поларник се нарекува Антарктик, а подрачјето веднаш на север е јужниот умерен појас. Еквивалентниот напоредник на северната полутопка се нарекува Северен Поларник (Арктички Круг).

Секое место јужно од Јужниот Поларник има барем по еден ден во годината со 24-часовна дневна светлина и уште еден со 24-часовна ноќ. Во првиот случај сонцето цел ден не заоѓа, а во вториот цел ден воопшто не изгрева. На поларникот ова се случува точно по еднаш годишно, и тоа во декемврискиот и јунскиот сонцестој. Ова се должи на тоа што Земјината оска е наклонета за 23,5 степени во однос на еклиптиката (рамнината по која Земјата се врти околу сонцето). За време на јужниот зимски сонцестој, јужната полутопка е најмногу навалена наназад и со тоа најдалеку од Сонцето. Подрачјето на постојан мрак ја достигнува својата северна граница. При јужниот летен сонцестој, јужната полутопка е во најголема мера навалена кон Сонцето, па така подрачјето на постојан мрак ја достигнува својата северна граница.

Јавувањето на поларниот ден и ноќ се должи и на неколку други фактори, од кои најважни е атмосферското прекршување на светлината, надморската височина на набљудувачот, привиденијата и фактот дека сонцето е топка, а не точка. Привиденијата на Антарктикот се уште поспектакуларни од оние на Акрктикот. Таков пример е низата од привидни залези и изгреви, додека сонцето сето време е всушност под хоризонтот.

Поларникот полека се поместува поради постепената промена на наклонетоста на Земјината оска.

Места

Почнувајќи од нултиот меридијан, па на исток, Јужниот Поларник минува низ:

Повеќе информации Координати, Земја, територија, море ...
Координати Земја, територија, море Белешки
66°34′S 0°0′E Јужен Океан северно од Земјата на Кралицата Мод и Ендербиевата Земја
66°34′S 50°32′E АнтарктикЕндербиева Земја полага право Австралија Австралија
66°34′S 57°19′E Јужен Океан северно од Ејмериевата Ледена Плоча
66°34′S 82°6′E Антарктик полага право Австралија Австралија
66°34′S 89°14′E Јужен Океан
66°34′S 91°29′E Антарктик полага право Австралија Австралија
66°34′S 92°21′E Јужен Океан
66°34′S 93°52′E Антарктик полага право Австралија Австралија
66°34′S 107°45′E Јужен Океан заливот Вансен
66°34′S 110°12′E АнтарктикВилксова Земја полага право Австралија Австралија
66°34′S 116°35′E Јужен Океан
66°34′S 121°31′E АнтарктикВилксова Земја полага право Австралија Австралија
66°34′S 127°9′E Јужен Океан
66°34′S 129°38′E АнтарктикВилксова Земја полага право Австралија Австралија
66°34′S 136°0′E АнтарктикАделина Земја полага право  Франција
66°34′S 138°56′E Јужен Океан
66°34′S 162°44′E архипелагот Балени – островот Борадел полага право Нов Зеланд Нов Зеланд
66°34′S 162°45′E Јужен Океан минува веднаш јужно од островот Аделаида (полагаат право  Аргентина,  Чиле и  Обединето Кралство)
66°34′S 65°44′W АнтарктикАнтарктички Полуостров, Греамова Земја и Ларсеновата Ледена Плоча полагаат право  Аргентина,  Чиле и  Обединето Кралство
66°34′S 60°21′W Јужен Океан минува низ Веделовото Море, па во неименуван дел од океанот
Затвори

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.