Северен Повратник
From Wikipedia, the free encyclopedia
Северен Повратник (наречен и Раков Повратник) — замислена кружница на најсеверната географска должина на Земјата на која Сонцето може да дојде нормално на Земјината површина, во зенитот. Оваа појава се јавува при јунскиот сонцестој, кога северната полутопка е во најголема мера наклонета кон Сонцето. На јужната полутопка кружницата што доаѓа нормално на површината се нарекува Јужен Повратник.
Овие кружници се две од петте напоредници што стојат на картите на светот (другите се Северниот Поларник, Јужниот Поларник и екваторот). Положбата на овие напоредници (освен екваторот) зависи од осниот наклон во однос на орбиталната рамнина.
Повратникот се нарекува и „Раков Повратник“ поради фактот што во времето на неговото именување Сонцето било во соѕвездието Рак за време на јунскиот сонцестој. Денес сонцето во ова време од годината се јавува во соѕвездието Бик. Промената се должи на појавата наречена прецесија на рамнодениците.