![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/5/5b/Eris_and_dysnomia2.jpg/640px-Eris_and_dysnomia2.jpg&w=640&q=50)
Расеан Диск
збир тела во крајноста на Сончевиот Систем / From Wikipedia, the free encyclopedia
Расеан Диск — далечен околуѕвезден диск во Сончевиот Систем не толку густо исполнет со замрзнати мали тела во Сончевиот Систем, кои се всушност подгрупа на сеопфатното семејство на заднептунци. Телата од Расеаниот Диск (ТРД) поседуваат орбитални занесувања кои се движат од 0,8, и наклони сè до 40° и перихели поголеми од 30 астрономска единицаs (4.5×109 kм; 2.8×109 ми). Овие крајности во орбитите се верува дека се должат на гравитациското „расејување“ од страна на гасовитите џинови, и овие тела и понатамошно се под влијание на растројувањата предизивкани од страна на Нептун.
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/5/5b/Eris_and_dysnomia2.jpg/320px-Eris_and_dysnomia2.jpg)
Иако најблиските тела од Расеаниот Диск му се приближуваат на Сонцето на околу 30–35 ае, нивните орбити може да се протегаат и подалеку од 100 ае. Ова пак значи дека телата од Расеаниот Диск се меѓу најладните и најдалечните тела во Сончевиот Систем.[1] Највнатрешниот дел од Расеаниот Диск се преклопува со тороидно обликуваната област на орбитални тела кои традиционално се наречени Кајперов Појас,[2] но надворешните граници се протегаат многу подалеку од Сонцето над и под еклиптиката на Кајперовиот Појас.[б 1]
Поради нестабилната природа, строномите денес гледаат на Расеаниот Диск како место напотекло на повеќето периодични комети во Сончевиот Систем, каде Кентаурите, групација на смрзнати тела меѓу Јупитер и Нептун, кои се всушност посредната фаза во преместувањето на телата од Расеаниот Диск во внатрешниот Сончев Систем.[4] Непосредно, растројувањата од џиновските планети ги насочуваат овие тела кон Сонцето, со што постануваат краткопериодични комети. Многу тела од Ортовиот Облак се верува дека имаат потекло од Расеаниот Диск. Одвоените тела не може непосредно да се разликуваат од телата во разеаниот диск, и некои од нив како Седна понекогаш се сметаат како дел од оваа групација.