Прибилци
село во Општина Демир Хисар From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Демир Хисар From Wikipedia, the free encyclopedia
Прибилци — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.
Прибилци | |
Поглед на селото Прибилци од селските гробишта во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“, сместена над селото | |
Координати 41°16′21″N 21°12′15″E | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Демир Хисар |
Област | Железник |
Население | 153 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 7240 |
Повик. бр. | 047 |
Шифра на КО | 10025 |
Надм. вис. | 670 м |
Слава | Голема Богородица[2] |
Мреж. место | Прибилци |
Прибилци на општинската карта Атарот на Прибилци во рамките на општината | |
Прибилци на Ризницата |
Селото се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Демир Хисар, од левата страна на патот Демир Хисар-Крушево. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 670 метри. Од градот Демир Хисар е оддалечено 4,5 километри.[3]
Атарот на селото зафаќа простор од 10,5 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 459 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 230, а на пасиштата 178 хектари.[3]
Во XIX век, Прибилци се наоѓало во Демирхисарската нахија на Битолската каза на Отоманското Царство.
Ова село е познато и опеано во многу македонски народни песни поради големата бунтовност и македонско родољубие на неговото население. За неговото име се верува дека е добиено поради што во селото се прибирале македонски ајдути и комити од турските потери, меѓутоа селото е основано и пред османскиот период. За време на Илинденското востание близу селото се одиграла помала битка меѓу македонските комити и турскиот аскер (за време на почетокот на востанието), а турскиот аскер кога поминувал покрај селото одејќи кон Крушево не ги пронашло комитите кои се скриле во селото.
Населението било активно и за времето на НОБ, за што сведочи споменикот во селото. Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[4]
Селото во основа има полјоделско-шумарска функција.[3]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Прибилци имало 450 жители, сите Албанци муслимани,[5]. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Прибилци имало 480 жители, Албанци муслимани.[6]
Според Димитар Гаџанов во 1916 г. в Прибилци живееле 404 Турци,[7] што е веројатно поточно од горенаведените два извора, но нивниот број не може да бил толку висок, а камо ли мнозински.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[8]
Прибилци е населено со македонско население. Во 1961 година, селото имало 436, а во 1994 година бројот се намалил на 287 жители.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 266 жители, сите Македонци.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 153 жители, од кои 142 Македонци и 11 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 450 | 480 | 481 | 482 | 436 | 427 | 362 | 270 | 287 | 266 | 153 |
Прибилци е македонско село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:
Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Демир Хисар.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Демир Хисар, во која покрај селото Прибилци, се наоѓале и селата Бараково, Белче, Вардино, Граиште, Единаковци, Журче, Кутретино, Мургашево, Ново Село, Лесково, Ракитница, Растојца, Сладуево, Слепче, Стругово и Суви Дол. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Прибилци, во која влегувале селата Журче, Прибилци и Спадуево.
Во селото постои избирачкото место бр. 631 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[17]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 170 гласачи.[18]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.