Велмевци
село во Општина Демир Хисар From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Демир Хисар From Wikipedia, the free encyclopedia
Велмевци — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.
Велмевци | |
Поглед на самото сретсело во Велмевци | |
Координати 41°20′46″N 21°05′50″E | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Демир Хисар |
Област | Железник |
Население | 7 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 7240 |
Повик. бр. | 047 |
Шифра на КО | 12009 |
Надм. вис. | 944-957 м |
Слава | Огнена Марија, Илинден, Мала Богородица и Св. Петка[2] |
Велмевци на општинската карта Атарот на Велмевци во рамките на општината | |
Велмевци на Ризницата |
Се простира на падините на Илинска Планина, на патниот правец Кичево-Битола, 25 километри од градот Кичево. Селото обилува со извори, со букова и дабова шума.[3]
Атарот на селото зафаќа површина од 12,1 км2, кој се состои од 211,1 хектар обработливо земјиште, 233,3 хектари пасишта и 729 хектари шуми.
Велмевци се протега на надморска височина од 944 до 957 метри.
Селото било населено уште од предантичко време, а за првпат во туските документи се спомнува во 1468 година.
Во XIX век, Велмевци се наоѓало во Битолската каза (Демирхисарска нахија) во Отоманското Царство.
Во текот на долгата историја забележано е по Брсјачката буна и Илинденското востание во кои настани велмешани активно учествувале. Во црквата Св. Илија било осветено востаничкото знаме за Демир Хисар за време на илинденското востание и учествувале многу мажи и жени.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Велмевци имало 800 жители, сите Македонци христијани.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Велмевци имало 960 жители.[5]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Велмевци се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 139 куќи.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 600 Македонци.[7]
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 7 жители, сите Македонци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 7 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 800 | 960 | 619 | 511 | 227 | 124 | 87 | 26 | 18 | 7 | 7 |
Велмевци е чисто македонско православно село. Старото село Велмевци пропаднало, па денешното село го имаат обновено доселеници од селото Велмеј, Дебрца, и таму имаат сродници. Овде се доселени средината на ХVIII век.[13][14]
Родови во селото се: Беговци (7 к.); Мирчевци (29 к.); Стевановци (24 к.); Исламовци (10 к.); Смилевци (10 к.); Шкрековци (14 к.); Трпковци (2 к.); сите доселени од селото Велмеј; Пејцовци (24 к.) доселени се од сега раселениот град Закамен, во Струшка Малесија.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:
Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Сопотница.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Мало Црско, во која покрај селото Велмевци, се наоѓале и селата Големо Црско, Кладник, Мало Црско, Прострање и Цер. Општината Мало Црско постоела и во периодот 1950-1952.
Во селото постои избирачкото место бр. 658 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[17]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 5 гласачи.[18]
Првата фудбалска екипа во селото било создадена во 1909 година, многу години пред тоа да се случи во многу поголеми места и градови низ Македонија.
Како спомен на првата фудбалска екипа, чешмата на сретсело има камена топка.[16]
Ова село важело за печалбарско село, многу од населението се селело од селото во околните и подалечни држави и низ македонските градови, па така до 1952 година иселеници од селото имало во Бугарија (24 семејства), Битола (34 семејства), Ресен (7 семејства), Кичево (5 семејства), САД (4 семејства), Охрид (2 семејства), Демир Капија (1 семејство), Унгарија (1 семејство), Романија (4 семејства), Скопје (4 семејства), Штип (1 семејство) и во Прилеп (5 семејства).[15]
Иселеништвото продолжило и потоа и многу од населението е мигрирано низ градовите во Македонија, прекуокеанските земји (САД, Канада и Австралија) и низ европските земји (Бугарија, Србија, Романија, Хрватска, Шведска, Германија, Франција).[16][26]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.