општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Општина Конче — рурална општина во Југоисточна Македонија. Седиште на општината е селото Конче и во рамките на Општина Конче се уште 13 други населени места. Општината се наоѓа под падините на планината Серта, на околу 150 километри оддалеченост од главниот град Скопје, на автопатот Радовиш-Струмица. Општина Конче има вкупно население од 3,690 жители (2002) и вкупна површина од 233,05 км2. Населението на Општина Конче е воглавно Македонско, но има и мало турско малцинство. Актуелен градоначалник на Општина Конче е Златко Ристов од ВМРО-ДПМНЕ.
Општина Конче | |||
---|---|---|---|
Општина | |||
Држава | Македонија | ||
Регион | Југоисточен | ||
Година кога е основана | 1913 (во рамки на Кралство Србија), 1996 | ||
Седиште | Конче | ||
Населени места | Список
| ||
Управа | |||
• Градоначалник | Златко Ристов | ||
Површина | |||
• Вкупна | 233,05 км2 (89,98 ми2) | ||
Население (2021)[1] | |||
• Вкупно | 2.725 | ||
• Густина | 12/км2 (30/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+01:00) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+02:00) | ||
Повикувачки број | +032 | ||
Регистарски таблички | RA | ||
Мреж. место | konce.gov.mk |
Конче било средновековено гратче кое своите почетоци ги бележи како манастрирски комплекс, а во исто време и како црковно и управно седиште. Манастирската црква која е посветена на Свети Стефан датира од пред 1366 година. Црквата и манастирот ги изградил Никола Стајневиќ, војвода на цар Душан и цар Урош. Овој комплекс, посебно црквата по својата уметничка вредност зазема важно место во историјата на македонската средновековна култура. На манастирот во Конче во тој период му биле доделени во посед следниве села: Конче, Лубница, Трескавец, Суви Дол, Дедино, Ракитец, Сеништа, Костадинци, Негрофонти, Грков Дол и Свети Костадин.[2]
Средновековниот период во историјата на Радовиш и Радовишко се одликува со посебен растеж како градот така и на неговата околина, посебно на Конче. Тоа се гледа како во економската политичката и просветно-културната историја. Политичките односи биле поврзани и речиси идентични како и во другите области на Македонија. Мегутоа карактеристично е што Радовиш и Конче добиле посебно внимание во тие односи.Тоа се потврдува со вниманието што тогашните завојувачи на Македонија им го придавале на овие центри. Македонскиот народ успеал и натаму да го продолжи континуитетот на својата самобитна обособеност, зашто сведочи придонесот во просветно-културниот растеж на овој крај.[2]
Општина Конче се наоѓа во Југоисточна Македонија, поточно на околу 150 километри оддалеченост од главниот град Скопје. Општината е дел од Радовишкиот регион, а статистички е дел од Југоисточниот Регион. Општината има вкупно население од 3,690 жители со густина на население од 15,17 жители на километар квадратен и вкупна површина од 233,05 км2. Центар на општината е селото Конче, по кое е добиено и името на општината. Во рамките на Општина Конче спаѓаат 14 села, и тоа: Габревци, Гарван, Горна Враштица, Горни Липовиќ, Дедино, Долна Враштица, Долни Липовиќ, Долни Радеш, Загорци, Конче, Лубница, Негреновци, Ракитец и Скоруша. Општина Конче се граничи со Општина Штип, Општина Неготино, Општина Демир Капија, Општина Валандово, Општина Струмица, Општина Василево и Општина Радовиш.[2]
Промената на социјалните и економските услови, заокружувањето на пазарната економија, како и процесот на децентрализација придонеле локалните власти во општините Радовиш и Конче да започнат да ги истражуваат своите капацитети и можности за подобрување на локалниот и микрорегионалниот економски развој, притоа создавајки синтеза на урбаниот и руралниот сегмент. Од таа причина Општина Радовиш и Општина Конче потпишале Меморандум во кој ги определиле насоките на заедничкото функционирање во подрачјето на локалниот економски развој. Двете општини ја основале заедничката Канцеларија за локален економски развој. Општина Конче е општина каде земјоделството, сточарството, водостопанството и шумарството се значајни стопански гранки. Така, во општината има производство на тутун од типот „Јака“ и општината произведува 5% од вкупното производство на тутун во Македонија. Понатака, во општината има ловен и риболовен туризам, како и дрвната индустрија.[2]
Градоначалник на општина Конче е Златко Ристов од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој е избран на локалните избори од 2021 година за мандат од четири години.[3] Советот на општина Конче е составен од 9 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2021-2025 се:
Како дел од Општина Конче се 11 населени места од кои 6 се активни, 3 се со многу мал број на жители , додека 2 села воопшто немаат жители. Вкупен број на жители во општината изнесува 3.536. Населението се занимава претежно со земјоделство. Според податоците заклучно со 2011 година, вкупниот број на ученици во Општина Конче во 2011 се зголемил за 6,5 % во однос на вкупниот број на ученици во 2007. Конче е втора општина по зголемувањето на вкупниот број на ученици.[4]
Според пописот од 2002 година, најголема етничка група биле Македонците, но во општината живее и турско население. Процентуално, етничките групи се застапени:[5]
Според пописот од 2002 година, во општината се зборувале следниве јазици:[6][7]
Јазик | Говорници |
македонски | 3007 |
турски | 521 |
српски | 6 |
останати | 2 |
Според пописот од 2002 година, во општината биле застапени следниве религии:[6]
Вероисповед | Вкупно |
православни | 3009 |
муслимани | 521 |
останати | 6 |
Во рамките на Општина Конче опстојува ФК Конче. Понатака, во општината се одржува традиционален турнир во мал фудбал за време на празникот на општина, 12 јули. Исто така, во општината опстојува женскиот фудбалски клуб „Спортски допири“. Од културниот живот, во Општина Конче опстојуваат следните културни здруженија ФА ,,Цветови“ од Дедино, КУД ,,Караџаоглан,“ од Конче и КУД ,, Македонски глас“ од Габревци.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.