Горна Враштица

село во Општина Конче From Wikipedia, the free encyclopedia

Горна Враштицаmap

Горна Враштица — село во Општина Конче, во околината на градот Радовиш. Селото е иселено и според пописот од 2002 година нема жители.

Кратки факти
Горна Враштица
Thumb
Горна Враштица
Местоположба на Горна Враштица во Македонија
Горна Враштица на карта

Thumb

Координати 41°35′52″N 22°21′15″E
Регион Југоисточен
Општина Конче
Население0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр.2424
Повик. бр.032
Шифра на КО22007
Надм. вис.600 м
Горна Враштица на општинската карта
Thumb

Атарот на Горна Враштица во рамките на општината
Горна Враштица на Ризницата
Затвори

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на северните падини на планината Смрдеш. Во близина на селото е Долна Враштица, од каде што и води земјен пат во должина од 3 километри, кој се приклучува на новоизградениот асфалтен пат околу езерото Мантово.

Во 2013 година селото за првпат во своето постоење добило електрична енергија.[2]

Историја

Селото во XIX век било дел од Радовишката каза на Отоманското Царство.

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948146    
1953160+9.6%
196157−64.4%
19712−96.5%
19810−100.0%
ГодинаНас.±%
199100.00%
199400.00%
200200.00%
202100.00%
Затвори

Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото имало 132 жители, сите Македонци.[3] По податоци на секретарот на егзархијата, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото Горна Враштица (Gorno-Vrachtitza) имало 176 Македонци.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[5]

Селото било целосно напуштено на текот на 1970-тите години. Според пописот во 2002 година, селото Горна Враштица било целосно раселено и немало постојано население.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 132 176 146 160 57 2 0 0 0 0 0
Затвори
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови

Горна Враштица било македонско село. Селата Горна и Долна Враштица ги основале двајца браќа многу одамна. Родовите во селото се сметаат за староседелци.[11]

Според истражувањата од 1928 година, родови во селото:

  • Староседелци: Пунковски (Томовци, Василевци, Митевци, Атанасовци и Миленковци) (6 к.). Темелковци (Анѓеловци) (3 к.). Јованчовци (Стефановци) (2 к.). Мишовци (Коцевци и Јовановци) (5 к.). Лазаровци (3 к.). Карафиловци (Трајчовци) (1 к.). Ќипариновци (Мојсиловци и Петровци) (2 к.). Тренчевци (1 к.)

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Конче, една од ретките општини во Македонија, која не била променета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Конче.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш. Селото припаѓало на некогашната општина Радовиш во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Ињево, во која покрај селото Горна Враштица, се наоѓале и селата Бучим, Воиславци, Дамјан, Дедино, Долна Враштица, Ињево, Погулево, Сулдурци и Топалница. Во периодот 1950-1952, селото било дел од Општина Ињево, во која влегувале селата Горна Враштица, Долна Враштица, Дамјан, Ињево и Погулево.

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[12]
  • Манастир - Илиница — сакрален објект од средниот век; според преданијата, тука се наоѓал некогашниот манастир „Св. Илија“

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.