Лубница
село во Општина Конче From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Конче From Wikipedia, the free encyclopedia
Лубница — село во Општина Конче, во околината на градот Радовиш.
Лубница | |
Панорамски поглед на селото Лубница | |
Координати 41°30′04″N 22°22′00″E | |
Регион | Југоисточен |
Општина | Конче |
Население | 252 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 2424 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 22028 |
Надм. вис. | 585 м |
Слава | Илинден |
Мреж. место | Лубница |
Лубница на општинската карта Атарот на Лубница во рамките на општината | |
Лубница на Ризницата |
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 361 жител[2], со што селото се вбројува во средни села во областа на Конче и Радовиш.[3]
Селото е сместено во средишниот дел на Општина Конче, на само 3 километри од општинското средиште Конче. Исто како и Конче, се наоѓа на круната на Конечка Планина, близу изворот на реката Крива Лакавица. Лежи 20 километри јужно од градот Радовиш.[4]. Низ селото тече потокот Пршово или Пршева Река, која го дели на два дела.
Лубница е ридско село кое што се наоѓа на надморска височина од 570 метри, а атарот на селото е мошне голем и зафаќа површина од 45,7 км2[5]. Атарот на селото се издигнува до сртот на Конечка Планина каде што се допира со просторот на Општина Демир Капија[5], при што на своето подрачје опфаќа 934 хектари (ha) земјоделско земјиште, 322 ха пасишта и 2.091 ха шума.[4]
Лубница е поврзана со градот Радовиш преку регионалниот пат Р-606 во должина од 23 км, кој води преку Конче.[4]
Подрачјето на Лубница е населено уште од доцната антика, за што сведочат две наоѓалишта северозападно од самото село.[6]
Лубница е многу старо село, едно од најстарите села во Лакавичко и Радовишко за што сведочат пишани записи уште од XIV век. Имено, тоа под името Лубница заедно со Конче се споменати во пишан запис од 1366 година[7], кога е била изградена познатата црква „Св. Стефан“ во Конче.
Во XIX век било дел од Радовишката каза на Отоманското Царство.
Името на селото Лубница е многу старо со најстара потврда со истиот облик Лоубница од 1366 година, а според научните толкувања тоа доаѓа од старословенскиот збор Лоубъ кој означува 'кора од дрво; лико'[7]. Над селото на планината Серта има густа дабова шума со доста кори на пенушки од дрва поради каменестата почва на долот, што може да укажува на поврзаност со ова толкување и настанокот на името Лубница.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото имало 565 жители, од кои 300 Македонци и 265 Турци.[8] По податоци на секретарот на егзархијата, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото Лубница имало 480 Македонци.[9]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци и 25 до 50 Турци.[10]
По Втората светска војна, од селото си заминале и последните Турци, кои последен пат биле забележани во 1953 година, кога имало 107 Турци. Во подоцнежните пописи, во селото не е забележано турско население.
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 361 жител, од кои 359 Македонци, 1 Србин и 1 друг.[2]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 252 жители, од кои 241 Македонец, 2 Албанци, 1 Србин и 8 лица без податоци.[11]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 565 | 480 | 599 | 646 | 592 | 595 | 444 | 374 | 366 | 361 | 252 |
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[16]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 599 |
1953 | 538 | — | 107 | — | — | — | ... | 1 | — | 646 |
1961 | 582 | — | 6 | ... | ... | 4 | ... | — | — | 592 |
1971 | 594 | — | — | — | ... | 1 | ... | — | — | 595 |
1981 | 444 | — | — | — | — | — | ... | — | — | 444 |
1991 | 372 | — | — | — | — | 1 | — | 1 | — | 374 |
1994 | 365 | — | — | — | — | 1 | — | — | — | 366 |
2002 | 359 | — | — | — | — | 1 | — | 1 | — | 361 |
2021 | 241 | 2 | — | — | — | 1 | — | — | 8 | 252 |
Селото Лубница е населено со Македонци од православна христијанска вероисповед. Родови и семејства кои живеат во селото се: староседелски сојови: Попевци, Пинговци, Атанасови, Милевци живеат во свое посебно родовско маало наречено Милевско, Секулови, Крстеви, Стефановски, Ѓорѓиеви, Спасови, Миткови, Стојанови, Велкови, Василеви, Пингови, Колеви, Филипови, Герасовци се доселиле од Габревци и живеат во свое посебно маало на крајот на селото кон полето во месноста Ширина каде некогаш живееле Турци-јуруци.
Селото влегува во рамките на Општина Конче, една од ретките општини во Македонија, која не била променета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Конче.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш. Селото припаѓало на некогашната општина Радовиш во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957, селото било во рамките на тогашната општина Конче.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Конче, во која покрај селото Лубница, се наоѓале и селата Габревци, Горно Липовиќ, Долно Липовиќ, Долни Радеш, Конче, Негреновци и Ракитец. Во периодот 1950-1952, селото влегувале во рамките на некогашната Општина Конче, во која влегувале селата Конче и Лубница.
Во селото постои избирачкото место бр. 1613 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[17]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 248 гласачи.[18]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.