село во Општина Конче From Wikipedia, the free encyclopedia
Долни Радеш — село во Општина Конче, во околината на градот Радовиш. Селото е иселено и според пописот од 2002 година нема жители.
Долни Радеш | |
Поглед на селото Долни Радеш од патот покрај езерото Мантово | |
Координати 41°33′45″N 22°21′15″E | |
Регион | Југоисточен |
Општина | Конче |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 2424 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 22013 |
Надм. вис. | 415 м |
Долни Радеш на општинската карта Атарот на Долни Радеш во рамките на општината | |
Долни Радеш на Ризницата |
Селото се наоѓа меѓу планините Смрдеш и Конечка Планина. Се наоѓа на крајбрежјето на вештачкото езеро Мантово.
Во 2013 година селото за првпат во своето постоење добило електрична енергија.[2][3]
Селото во XIX век било дел од Радовишката каза на Отоманското Царство.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото имало 200 жители, сите Турци, додека селото Горни Радеш имало 50 жители Македонци.[4]
По Втората светска војна, селото било постојано населено само од Македонци.
Селото било целосно напуштено во текот на 1990-тите години.
Според пописот во 2002 година, селото Долни Радеш било целосно раселено и немало постојано население.[5] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 50 | — | 60 | 73 | 85 | 86 | 28 | 1 | 0 | 0 | 0 |
Селото влегува во рамките на Општина Конче, една од ретките општини во Македонија, која не била променета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Конче.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш. Селото припаѓало на некогашната општина Радовиш во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 припаѓало на тогашната општина Конче.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Конче, во која покрај селото Долни Радеш, се наоѓале и селата Габревци, Горно Липовиќ, Долно Липовиќ, Конче, Лубница, Негреновци и Ракитец. Во периодот 1950-1952, селото било дел од Општина Загорци, во која влегувале селата Гарван, Долни Радеш, Загорци и Скоруша.
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1614 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница на селото Скоруша.[10]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 2 гласачи.[11]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.