From Wikipedia, the free encyclopedia
Океанските јазици сочинуваат подгрупа на малајско-полинезиските јазици од семејството на австронезиски јазици. Оваа група е составена од околу 450 јазици и ја опфаќаат територијата на Полинезија, како и големи делови на Меланезија и Микронезија.
Океански јазици | |
---|---|
Географска распространетост: | Океанија (Меланезија, Микронезија, Полинезија) |
Класификација: | австронезиски
|
Гранки: | |
Иако овие јазици заземаат огромна површина, нив ги зборуваат околу 2 милиони луѓе. Најголеми океански јазици се самоанскиот јазик со околу 370.000 говорници и фиџискиот со околу 500.000 говорници. Овие јазици, се проценува дека, настанале од протоокеанскиот јазик.
Базата на основни австронезиски јазици целосно го поддржува единството на оваа група.[1] Сепак, некои традиционални групирања не биле поддржани, односно мезомеланезиските јазици не се групирале со западноокеанските јазици, туку се тежнеело на групирање со централно-источните океански јазици.
океански (100%) |
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Постојат поголем број суштински разлики меѓу класификацијата на Базата и таа на Етнолог. Класификацијата според Етнолог има 6 основни групи. Океанските јазици според Етнолог сочинуваат 509 јазици и тие се[2]:
Според класификацијата на Линч, Рос и Кроули (2002), океанските јазици создаваат т.н. „врски“. Јазичните врски се разликуваат од семејствата по тоа што не може да им се реконструира прајазикот. Според овие јазичари, океанските јазици се сочинети од:
„Остатоците“, како што ги нарекуваат овие тројца јазичари, се јазици кои не влегуваат во ниту една од овие групи:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.