Лаконски јазик

From Wikipedia, the free encyclopedia

Лаконски јазик, познат и како Лакон или Лакона, ― океански јазик, кој е зборуван на западниот брег на островот Гауа во Вануату.

Кратки факти Лаконски јазик, Изговор ...
Лаконски јазик
Lakona, Vure
Изговор[laˈkɔn]
Застапен воВануату
ПодрачјеГауа
Говорници800  (2012)[1]
Јазично семејство
Јазични кодови
ISO 639-3lkn
Затвори

Имиња

Изворното име на јазикот, лакон, првично се однесува на областа каде што е зборуван ‒ имено Лаконскиот Залив, што одговара на западниот брег на Гауа. Алтернативното име лакона е од мотскиот јазик. Овие имиња се изведени од праторескобенкскиот облик * laᵑgona, со непознато значење.

Лаконскиот имал четири дијалекти, наречени катареуски (катареу, [k​͡pʷætærɛw]), вуриски (вури, [βurɪ]), тоглатареуски (тоглатареу) и тоглански (тогла).

Фонологија

Лаконскиот има 16 фонемски самогласки. Тие се 8 кратки /i ɪ ɛ æ a ɔ ʊ u/ и 8 долги самогласки /iː ɪː ɛː æː aː ɔː ʊː uː/.[2]

Повеќе информации Предна, Задна ...
Лаконски самогласки
Предна Задна
Речиси затворена i i ii u u uu
Полузатворена ɪ ēɪː ēē ʊ ōʊː ōō
Полуотворена ɛ eɛː ee ɔ oɔː oo
Речиси отворена æ äæː ää
Отворена a a aa
Затвори

Историски гледано, фонемизацијата на должината на самогласките потекнува од компензаторното издолжување на кратките самогласки кога алвеоларниот трил /r/ бил изгубен како слог на крај.[3]

Граматика

Системот на лични заменки во лаконскиот ја спротивставува клузивноста и разликува четири броја (еднина, двоина, троина, множина).[4]

Просторната референца во лаконскиот се заснова на систем на геоцентрични (апсолутни) насоки, што е типично за океанските јазици.[5]

Наводи

Библиографија

Надворешни врски

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.