Милхаузен
град во Германија From Wikipedia, the free encyclopedia
град во Германија From Wikipedia, the free encyclopedia
Милхаузен (службено Милхаузен/Тирингија; германски: Mühlhausen) или Mühlhausen/Thüringen; од 1975 до 1991 година познат како Милхаузен Томас-Минцер-Штат) — град во округот Унштрут-Хајних, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Претставува административно седиште на округот Унштрут-Хајних и е сместен на реката Унштрут.
Милхаузен
Mühlhausen/Thüringen | |
Стариот град на Милхаузен | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Тирингија |
Округ | Унштрут-Хајних |
Градоначалник | Јоханес Брунс (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 130,7 км2 |
Надм. височина | 216 м |
Население | 37.048 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 283 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | UH |
Пошт. бр. | 99974 |
Повик. бр. | 03601 |
Портал | www.muehlhausen.de |
Местоположба на градот Милхаузен во рамките на округот Унштрут-Хајних | |
Координати | 51°13′N 10°27′E |
Милхаузен се наоѓа во географското средиште на Германија, кое се наоѓа во северозападниот дел на Тириншката Котлина. Градското подрачје се граничи на запад со Хајних и на север со Оберајхсфелд.
Соседни општини се Ментерода на север, градот Нотертал-Хајлингер Хеен и Кернер на исток, Унштрут-Хајних и Фогтај на југ, Родеберг на запад, како и Анроде и Унштрутал на северозапад.
Градот се состои од следниве места:[2][3][4]
Милхаузен бил утврден во 925, а првпат е документиран во 967 како отонско село. Неговата рана важност се гледа по користите кои ги добил од кралот Хајнрих Птичарот (876–936) и од царското собрание одржано тука во 1135. Неговиот период на слава бил од 13 до 15 век.
Во текот на реформацијата, Милхаузен станал едно од главните седишта на Анабаптистите. Радикалниот реформатор Томас Минцер проповедал во Црквата Света Богородица во 1525, а подоцна бил заробен во близина на градот и погубен во градот.
Јохан Себастијан Бах бил оргулар во црквата Диви Бласи од 1707-1708.[5] Помеѓу делата кои Бах ги компонирал додека живеел во градот е празничната кантата Gott ist mein König за изборот на новиот совет во 1708.
Внатрешните борби и оштетувањата во текот на Триесетгодишната (1618–1648) и Седумгодишната војна (1756–1763) ја намалиле важноста на Милхаузен. Во 1802 ја загубил независноста и преминал во посед на Прусија. Во 1807 бил припоен на Кралството Вестфалија, но во 1815 повторно станал дел од пруската покраина Саксонија.
Од 1944 до март 1945 се наоѓал женски камп за принудна работа надвор од градот (дел од кампот Бухенвалд). Жените биле депортирани во април 1945 во Берген Белзен.
Советот на градот Милхаузен се состои од 36 избрани членови и градоначалникот. На локалните избори на 26 мај 2019 година биле добиени следниве резултати:[6]
CDU | 7 места (2014: 7) |
Граѓанска листа за Милхаузен | 7 места | (8)
SPD | 6 места (10) |
AfD | 5 места | (−)
Левица | 4 места | (7)
Зелени | 3 места | (2)
FWG | 3 места | (−)
FDP | 1 место | (2)
Градоначалникот Јоханес Брунс (SPD) бил избран во првиот круг на 22 април 2012 година со 53,3% од гласовите.[7] Во април 2018 година бил повторно избран со 62,7%.[8]
Милхаузен е збратимен со следниве градови:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.