From Wikipedia, the free encyclopedia
Макс Теодор Феликс фон Лауе (англиски: Max von Laue, 9 октомври 1879 - 24 април 1960 ) — германски физичар кој ја освоил Нобеловата награда за физика во 1914 г. за неговото откритие за дифракција на X-зраците при премин низ кристал. Покрај неговиот научен напор за придонес во оптиката, кристалографијата, квантната теорија, суперпроводливоста, и теоријата на релативноста, тој имал и голем број на административни позиции кои ја унапредиле и помогнале германскиот развој и наука во текот на четири децении. Како силен заговарач против Националсоцијализмот, исто така тој помогнал во повторното воспоставување на мирот и реорганизацијата на Германија, по Втората светска војна.
Макс фон Лауе | |
---|---|
Макс фон Лауе во 1929 г. | |
Роден(а) | Макс Теодор Феликс Лауе 9 октомври 1879 Фафендорф, Кралство Прусија, Германско Царство |
Починал(а) | 24 април 1960 80) Западен Берлин | (возр.
Националност | Германец |
Полиња | Физичар |
Установи | Франкфуртски Универзитет Берлински Универзитет Друштво „Макс Планк“ |
Образование | Страсбургшки Универзитет Германски Универзитет Берлински Универзитет |
Докторски ментор | Макс Планк |
Докторанди | Лео Силард Фридрих Бек Макс Кохлер Ерна Вебер |
Други значајни студенти | Фриц Лондон |
Познат по | дифракција на X-зраци |
Поважни награди | Нобелова награда за физика (1914) Матеиучиев медал (1914) Медал „Макс Планк“ (1932) |
Лауе е роден во Фафендорф, денешен Кобленц, од Џулиус Лауе и Мина Зеренер. Во 1898 г. по положувањето на неговата матура во Стразбур, започнал да го отслужува задолжителниот едногодишен воен рок, по што ги започнал своите студии по математика, физика и хемија, на Стразбуршкиот Универзитет, Гетингенскиот Универзитет, и Минхенскиот универзитет Лудвиг Максимилијан во 1899 г. Во Гетинген, на него влијаеле физичарите Волдемар Воигт и Макс Абрахам како и математичарот Давид Хилберт. По само еден семестар во Минхен, тој заминал на Хумболтовиот универзитет во 1902 г. Таму бил школуван од Макс Планк, кој ја започнал квантната револуција на 14 декември 1900 г, кога го поднесол неговиот славен документ пред Германското здружение на физичари.[1][2] Во Берлин, Лауе присуствувал на предавањата на Ото Лумер за топлинското зрачење и интерферентна спектроскопија ,чиешто влијание може да се види во Лауевата теза за интерферентните појави кај планпаралелни плочи, со која што докторирал во 1903 г.[3] Подоцна Лауе во период од 1903 г. до 1905 г. го поминал во Гетинген. Лауе ја завршил својата хабилитација[4] во 1906 под водство на Арнолд Зомерфелд во ЛМУ.[5][6][7][8][9]
Во 1906, Лауе станал доцент во Берлин како асистент на Планк. Тој таму го запознава и Алберт Ајнштајн за првпат и станале другари со Лауе кој ја прифатил и распостранил Ајштајновата теорија на релативноста. Лауе му бил асистент на Планк сè до 1909 г. Во Бернлин, работел на примената на ентропијата на зрачните полиња и на значењето на термодинамиката на кохерентноста на светлинските зраци.[7][9]
Од 1909 г. до 1912 г, Лауе бил доцент во Институтот за теорија на физиката под водство на Арнолд Зомерфелд, во ЛМУ. Во текот на Божиќните празници во 1911 г. и во јануари 1912 г., Паул Петар Евалд го завршил пишувањето на неговата докторска теза, заедно со Зомерфелд. При прошетката во јануари низ Англиската градина во Минхен, Евалд му раскажал на Лауе за неговата теза. Должините на брановите кои биле од интерес за Евалд, биле во видливата област на спектарот а со тоа и на многу поголемо растојание меѓу резонанаторите во Евалдовиот кристален модел. Лауе бил збунет и сакал да дознае каков ќе биде ефектот ако се земат предвид многу помали бранови должини. Во јуни, Зомерфелд пријавил во Друштвото на физичарите во Гетинген, дека Лауе заедно со Паул Книпинг и Валтер Фридрих извеле успешна дифракција на x-зраците, за што Лауе бил награден со Нобелова награда за физика, во 1914 г. Додека престојвал во Минхен во периодот од 1910 г. до 1911 г, тој го напишал првиот том од неговата книга за релативноста.[8][9][10][11]
Во 1912 г, Лауе бил повикан на Циришкиот универзитет како извонреден професор по физика. Во 1913 г, неговиот татко се стекнал со титула како наследен дворјаник, па затоа Лауе подоцна станал 'Макс фон Лауе'.[9]
Од 1914 до 1919 година, Лауе се школувал на Франкфуртскиот Универзитет како вообичаен професор по теориска физика. Во 1916, бил зафатен со развој на вакуумска цевка, на Вурцбуршкиот универзитет, изум кој нашол примена во воената телефонија и безжична комуникација.[6][7][8][9]
Во 1919, Лауе бил повикан на Берлинскиот Универзитет како обичен професор по теориска физика, позиција која ја имал сè до 1943, кога му одредиле да се пензионира, со негова согласност, една година пред вистинското време за пензионирање. Во Универзитетот во 1919, други истакнати физичари биле Валтер Нернст, Фриц Харбер и Џејмс Франк. Лауе, како еден од организерите на неделниот Берлински колоквиум за физика, типично седел во првиот ред до Нернст и Ајнштајн, коишто доаѓале од Кајзер Вилхелмовиот институт за физика во Берлин, Дахлем, каде што тој бил директор. Значајни студенти на Лауе на Универзитетот биле Лео Силард, Фриц Лондон, Макс Кохлер, и Ерна Вебер. Во 1921, тој го објавил вториот том на неговата книга за релативноста.[6][8][12][13]
Како советник во државната Физичко-технолошка установа, Лауе го запознал Валтер Мајснер кој во тој момент работел на суперпроводливоста. Мајснер открил дека слабото магнетно поле се намалува брзо до нула во внатрешноста на суперпроводникот, појава која денес е позната како Мајснеров ефект. Лауе покажал во 1932 г. дека јачината на магнетното поле која е потребна за да се поништи суперпроводливоста се менува според обликот на телото. Лауе објавил вкупно 12 документи и книга за суперпроводливоста. Еден од документите бил направен во координација со Фриц Лондон и неговиот брат Хајнц Лондон.[7][14][15][16] Мајснер објавил биографија за Лауе во 1960 година.[17]
Кајзер Вилхелмовиот институт (Денес: Макс Планков институт бил основан во 1911 година. Негова цел било да ја промовира науката со создавање и одрќување на истажувачки институти. Еден таков институт бил Кајзер Вилхелмовиот институт за физика основан во Берлин во 1914 година, при што Ајнштајн бил назначен како директор. Лауе бил соработник на Институтот во 1917, а во 1922 тој бил именуван за заменик директор, Лауе ги вршел административните задолженија на Ајнштајн. Ајнштајн заминал во странство кога Адолф Хитлер станал канцелар во јануари 1933 година, и повеќе не се вратил во Германија. Лауе тогаш станал главен директор, позиција која ја имал до 1946 или 1948, со исклучок на периодот од 1935 до 1939 година, кога Петар Дебај бил директор. Во 1943, за да избегне смртта на персоналот, КВИФ се префрлил во Хехинген. Во Хехинген Лауе ја напишал својата книга за историјата на физиката Geschichte der Physik, која била преведена на уште седум други јазици..[7][18][19]
Лауе бил противник на националсоцијализмот а посебно на нивната германска физика т.е. прогонување на Евреите, како и прогласувањето на Ајнштајновата теорија на релативноста како Еврејска физика. Лауе и неговиот близок пријател Ото Хан тајно им помагале на научниците кои им биле колеги и кои биле прогонувани од националсоцијалистичката полиција, да емигрираат од Германија. Лауе дури и отворено и се спротивставувал на полицијата. Обраќањето на 18 септември 1933 г. на отворањето на собирот на физичарите во Вурцбург, спротивставувајќи му се на Јоханес Штарк, како и пишувањето на некрологот на Фриц Хабер во 1934 година, и присуствувањето на прославата за Хабер се примери кои јасно ја прикажуваат храброста на Лауе и неговото отворено спротивставување:
Говорот и некрологот на Лауе предизвикале владините власти да возвратат со казни. Понатамошно, како одговор на ветото на штарковото членство во Пруската академија на науките од страна на Лауе, Штарк, во декември 1933 г, ја укинал позицијата на Лауе како советник во ПТР, која Лауе ја држел од 1925 г. Главите 4 и 5, во Велкеровата Нацистичка наука: мит, вистина, и атомската бомба, ја прикажуваат подетално борбата на Лауе и Планк против преземањето на Пруската академија на науките од страна на нацистите.[14][23][24][25][26][27]
Кога нацистичка Германија ја окупирала Данска во Втората светска војна, унгарскиот хемичар Ѓерѓ де Хевеши ја разложил златните Нобелови награди на фон Лауе и Џејмс Франк во царската вода за да го спречат нивното запленување од страна на нацистите. Во тој период, било илегално да се изнесува злато од земјата, и доколку откриле дека Лауе го направил тоа, истиот би можел да се соочи со гонење во Германија. Хевеши го поставил растворот на полица во неговата лабораторија во институтот Нилс Бор. По војната, се вратил и го нашол растворот на истото место и го издвоил златото од киселината. Нобеловото друшто повторно ги излеало наградите со оригиналното злато.[28]
На 23 април 1945 г., француската војска навлегла во Хечинген, за наредниот ден да пристигне и мисијата Алсос – мисија која ја истражувала германската јадрена програма, како и нудење на заштита на германските научници за истите да не бидат заробени од советските сили. Научникот советодавец на операцијата бил германско-американскиот физичар Семјуел Гаудсмит, кој, носејќи челичен шлем, се појавил пред домот на Лауе. Лауе бил притворен во Хантингдон, Англија, и со други научници стажирал во операцијата ипсилон, чија цел било да се врши јадрено истражување.[14]
Додека бил затворен,Лауе бил потсетник на другите притвореници дека можат да го преживеат нацистичкото владеење без да направат „компромис“ ова го оддалечило од нив.[29] Во текот на неговото затвореништво, Лауе напишал труд со наслов за апсорпција на рендгенските зраци под интерференциони услови, а тоа било подоцна објавено во Acta Crystallographica.[14] На 2 октомври 1945, Лауе, Ото Хан и Вернер Хејзенберг, биле однесени да се запознаат со Хенри Халет Дејл, претседателот на Кралското друштво, а воедно и со други членови на истото. Таму, Лауе бил поканет на 9 ноември 1945 година да присуствува на состанокот на Кралското друштво во чест и спомен на германскиот физичар Вилхелм Конрад Рентген, кој ги измислил X-зраците, но сепак, воените власти не му дозволиле да присуствува на настанот.[14]
Лауе се вратил во Германија во 1946. Повторно станал главен директор на КВИФ, кој бил преместен во Гетинген. Во 1946 универзитетот Кајзер-Вилхелм бил преименуван во Универзитет Макс Планк. Лауе станал и помошник професор на Гетингенскиот универзитет. Покрај неговите административни и подучувачки одговорности, Лауе ја успеал да ја напише и книгата за суперспроводливоста Theorie der Supraleitung, и повторно ја преиздал книгата за дифракцијата на елекроните Materiewellen und ihre Interferenzen и првиот том од двотомното издание за релативноста.[8][14][30]
Во јули 1946, Лауе се вратил во Англија, само 4 месеци по неговиот отпуст од притвор, за да присуствува на меѓународната конференција за кристалографија. Ова било огромна чест, бидејќи бил единствениот германец повикан таму. На Лауе дури ѝ му било дозволено слободно да се шета низ Лондон.[14]
По војната, потребен бил голем напор за да се воведе повторна рамнотежа и организација во германската наука. Лауе ги преземал главните улоги. Во 1946, тој го организираше создавањето на Германското друштво на физичари но само во Британската окупациона зона, бидејќи Сојузничкиот контролен совет не дозволувал да се создаваат прекугранични организации. Во текот на војната, ПТР бил растурен, фон Лауе, од 1946 до 1948, работел на неговото повторно соединување низ три окупациони зони со изградба на нови објекти во Брауншвајг. Околу 1948, Претседателот на Американското друштво на физичари побарал од Лауе да поднесе извештај за статусот на физиката во Германија, извештајот бил објавен во 1949 г. во American Journal of Physics.[31] Во 1950 година, Лауе се вклучил во создавањето на Verband Deutscher Physikalischer Gesellschaften, кое порано било под управа на Nordwestdeutsche Physikalische Gesellschaft.[8][14][30]
Во април 1951, Лауе станал директор на институтот за физика, хемија и електрохемија Макс Планк и оваа титула ја задржал сè до 1959. Во 1953, по барање на Лауе Институтот бил преименуван во иститут за физика, хемија и електрохемија Фриц Хабер.[14][32]
Во 1913 година неговиот тако Џулиус Лауе, кој бил граѓански службеник во армијата се стекнал со благородничка титула. Од тој момент Макс Лауе се именувал како Макс фон Лауе.[9] Лауе се оженил за Магдалена Деген, додека бил доцент на ЛМУ. Имале две деца.[9]
Една од главните рекреативни активности на Лауе биле планинарење, автомобилизам, мотоциклизам, едрење и скијање. Иако не бил планинар, тој уживал да пешачи на алпските ледници со неговите пријатели.[7]
На 8 април 1960 година, при патувањето до својата лабораторија, Лауе со својот автомобил имал сообраќајна незгода при која бил удрен од мотоциклист, само два дена откако ја добил дозволата. Мотоциклистот загинал на лице место, а автомобилот на Лауе се превртел. Тој починал од повредите шеснаесет дена подоцна, на 24 април 1960 година.[7][33][34][35]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.