Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Валтер Херман Нернст (Вомбжезно, 25 јуни 1864. - Нивица, 18 ноември 1941.) — германски физичар и хемичар, познат по неговата работа на полето на термохемијата. Неговата формулација на Нернстоновата топлинска теорема помогнала да се отвори патот за третиот закон на термодинамиката, за која тој ја добил Нобеловата награда за хемија, во 1920 година.[1][2]
Валтер Нернст | |
---|---|
Роден(а) | Валтер Херман Нернст 25 јуни 1864 Брисен, Западна Прусија (сега Вомбжезно, Полска) |
Починал(а) | 18 ноември 1941 77) Цибеле, Лусатија, Германија (сега Нивица, Полска) | (возр.
Националност | германско |
Полиња | Хемија |
Установи | Гетингенски универзитет Берлински универзитет Лајпцишки универзитет |
Образование | Циришки универзитет Берлински универзитет Грацки универзитет Вирцбуршки универзитет |
Докторски ментор | Фридрих Колрауш |
Други ментори | Лудвиг Болцман |
Докторанди | Францис Симон Ричард Абег Ирвинг Лангмјур Леонид Андрусов Карл Фридрих Бонхефер Фредерик Линдеман Маргарет Елиза Малтби Арнолд Ојкен |
Други значајни студенти | Гилберт Њутн Луис Макс Боденштајн Роберт фон Либен Курт Менделсон Теодор Вулф |
Познат по | Трет закон на термодинамика Нернстова лампа Нернстова равенка Нернстов ефект Нернстова топлинска теорема Нернстов потенцијал Нернст-Планкова равенка |
Поважни награди | Нобелова награда за хемија (1920) Орден на Франклин (1928) |
Роден е во западна Прусија, во Вомбжезно (денешна Полска). Студирал физика и математика на универзитетите во Цирих, Берлин, Грац и Вирцбург. Докторирал во 1889 година на Универзитетот во Лајпциг. Од 1891 година бил професор по физичка хемија на Универзитетот во Гетинген, а од 1905 година преминал на Универзитетот во Берлин, каде во периодот од 1924-1933 година бил назначен за управител на Институтот за експериментална физика.[3]
Во 1897 година, тој ја изумил т.к.н. Нернстова лампа, која претставувала светлостен извор со филамент направен од оксиди на циркониум и итриум, а која сѐ уште е значајна во полето на инфрацрвената спектроскопија. Како еден од основоположниците на современата физичка хемија, тој придонел во потврдувањето на Арениусовата теорија за електролитна дисоцијација. Во 1889 година, тој ја поставил Нернстовата равенка за одредување на зависноста на рамнотежниот напон на галвански елемент од активитетот на супстанците кои учествуваат во електрохемиската реакција.[4]
Во 1906 година, го поставил третиот закон на термодинамиката (Нернстов закон). Во 1910 година, ја докажал Ајнштајновата теорија за специфичниот топлински капацитет на цврсто тело, а во 1912 година фотохемискиот еквивалент. Ја открил и термомагнетната појава (Нернстов ефект), кај која во примерок (спроводник или полуспроводник) поставен во магнетно поле, кое е вертикално во однос на насоката на температурниот градиент, предизвикан од протокот на топлина низ примерокот, која пак е предизвикан од разликата во температурата на неговите краеви, се јавува напречна термоелектрична сила; доколку пак на примерокот се делува со идентично поставено магнетно поле и проток на струја, се јавува температурен градиент.
Неговите придонеси во теоретската физика како што се: теоријата за галванските елементи, термодинамиката на хемиската рамнотежа, својствата на пареите при висока температура и цврстите супстанци на ниски температури и фотохемијата нашле и голема практична примена во индустријата. Нернст бил извонреден експериментатор и теоретичар, па затоа со примери придонел хемичарите да ја прифатат квантната теорија. Неговата книга „Теоретска хемија од гледна точка на Авогардовиот закон и термодинамиката“, од 1893 година, била повеќепати печатена и била сметана за главен учебник по физичка хемија.[4] Во подоцнежните години од животот Нернст се посветил воглавно на астрофизиката.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.