Remove ads
англиска научна академија From Wikipedia, the free encyclopedia
Кралско друштво (англиски: Royal Society), полн назив: „Претседателот, Советот и Членовите на лондонското Кралско друштво за развој на знаењето за природата“ (The President, Council, and Fellows of the Royal Society of London for Improving Natural Knowledge)[1] — национална академија на науките на Велика Британија и најстара постоечка оргнизација од овој вид во светот. Основано е во 1660 г. со повелба на кралот Чарлс II.[2] Покрај улогата а академија, друштвото претставува советодавно тело на владата и обезбедува средства за научни истражувања за поединци, организации и претпријатија.
Гесло | Nullius in verba |
---|---|
Основана | 1660 |
Седиште | Лондон, Велика Британија |
Координати | 51°30′21.53″N 0°07′56.86″W |
Членство |
|
Претседател | Венкатраман Рамакришнан |
Мреж. место | royalsociety.org |
Со друштвото управува совет на чие чело стои преседателот согласно низа статути и трајни налози. Советниците и претседателот се бираат од членовите, како и самите членови. Членството моментално брои 1.450 луѓе, при што секоја година се назначуваат до 52 членови. Сите имаат право да ја користат кратенката „FRS“ (Fellow of the Royal Society, „Член на Кралското друштво“) по своето име и презиме. Покрај ова, постојат и кралски членови, почесни членови и странски членови. Странските членови имаат право на кратенката „ForMemRS“ (Foreign Member of the Royal Society, „Странски член на Кралското друштво“).
Почнувајќи од 1967 г. друштвото е сместено на бр. 6–9 од зданието „Карлтон Хаус Терас“ во Вестминстер, централен Лондон.
Кралското друштво се занимава со низа различни дејности. Има здача да ја поддржува современата наука, распределувајќи приближно 42 милиони фунти на околу 600 дотации за нови и докажани научни работници. Покрај ова, ги поттикнува иновациите, подвижноста и доделува средства за истражна способност.[3] Од наградните средства се финансираат наградите, наградните предавања и медалите,[4] како и курсеви за општење со јавноста и медиумите предвидени за научниците.[5] Средствата за ваквите активности во голема мера ги обезбедува Одделението за деловно работење, иновации и вештини, чија главна дејност се состои во доделување средства (стипендии) за универзитетски истражувања.[6] Во 2008 г. друштвото го отворило својот Претприемачки фонд, преку кој вложува во нови научни претпријатија.[7]
Преку Центарот за начна политика, друштвото има улога на советодавец на британската влада, Европската комисија и Обединетите Нации и објавува неколку извештаи годишно.[8] Советодавната дејност во служба на британската држава започнала уште од средината на XVIII век на нередовна основа, додека пак во 1800 г. друштвото прераснало редовен советодавен орган на владата.[9]
Во 1665 г. друштвото го вовело првото научно списание во светот, наречено Philosophical Transactions („Филозофски трудови на Кралското друштво“) и со тоа ги удрило темелите на рецензијата која денес се применува кај сите стручни списание. Прв уредник бил Хенри Олденбург — првиот секретар на друштвото.[10][11]
Денес друштвото ги објавува следниве стручни списанија:[12]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.