![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/9/99/Antarctic_Temperature_Trend_1981-2007.jpg/640px-Antarctic_Temperature_Trend_1981-2007.jpg&w=640&q=50)
Климатски промени на Антарктикот
From Wikipedia, the free encyclopedia
Промената на температурата поради климатските промени на Антарктикот не е стабилна на целиот континент. Западен Антарктик брзо се загрева, додека внатрешните региони се ладат од ветровите на Антарктикот. Водата на Западен Антарктик се загрева за 1 °C од 1955 година. Понатамошното зголемување на температурата во водата и на копното ќе влијае на климата, ледената маса и животот на континентот и ќе има глобални импликации. Денешните концентрации на стакленички гасови се повисоки од кога било според ледените јадра од Антарктикот, што укажува дека затоплувањето на овој континент не е дел од природниот циклус и се припишува на антропогените климатски промени.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/9/99/Antarctic_Temperature_Trend_1981-2007.jpg/320px-Antarctic_Temperature_Trend_1981-2007.jpg)
Антарктикот изгубил 2720 ± 1390 гигатони мраз во периодот од 1992 до 2017 година, а проценките се дека во 2100 година нивото на морето ќе се зголеми за 25см само од водата врзана во мразот на Антарктикот. Топењето на ледената покривка на Антарктикот, особено на Западен Антарктик, ќе ги помести океанските струи и ќе има глобално влијание. Климатските промени влијаат на биодиверзитетот на континентот, иако степенот на ова е неизвесен бидејќи многу видови на Антарктикот остануваат неоткриени. Веќе има документирани промени на флората и фауната на континентот. Промените вклучуваат зголемување на големината на популацијата кај растенијата и прилагодување кон новото живеалиште на пингвините. Зголемувањето на температурата доведува до топење на вечниот мраз, што придонесува за ослободување на стакленички гасови и хемикалии кои се заробени во мразот.
Дури и со целите и ограничувањата направени со Парискиот договор, можеби е предоцна да се смени топењето на мразот на Западен Антарктик, а идните промени во климата на Антарктикот ќе влијаат на сите делови на Земјината топка.