Стакленички гасови
From Wikipedia, the free encyclopedia
Стакленички гасови — гасови што придонесуваат за зголемување на ефектoт на стаклена градина кој влијае врз загревање на планетата Земја што настанува со нарушување на енергетската рамнотежа помеѓу количина на зрачење кое од Сонцето го прима и во вселената го зрачи Земјината површина. Ефектот на стаклена градина, кој во минатото бил благослов за Земјата, во последниот век, засилен од човечките активности, се чини дека се претвора во сериозна закана.
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Планетата Земја е опкружена од својата атмосфера која е составена од различни гасови. Некои од нив, како на пример јаглерод диоксидот, имаат исти својства како стаклените панели на една стаклена градина и не ѝ дозволуваат на топлината да ја напушти планетата. Затоа тие гасови се нарекуваат стакленички гасови. Понатаму, енергијата од Сонцето ја впиваат водите, почвите и живите суштества на планетата. Таа енергија постепено се враќа во атмосферата. Колку повеќе има стакленички гасови, толку повеќе топлина е заробена. Тоа се нарекува ефект на стаклена градина.
Овој ефект се јавува како резултат на зголемување на количината на зрачењето кое од површината на Земјата не може да биде емитирано во вселената, туку атмосферата го впива и станува потопла. Земјата мора да испушта енергија во вселената исто онолку колку што таа впива енергија од Сонцето. Сончевата енергија пристигнува во форма на зрачење со помала бранова должина. Атмосферата на Земјата одбива дел (37-39%) од оваа енергија, додека остаток (поголем дел) паѓа на површина на Земјата и ја загрева. Земјата се ослободува од оваа енергија, така што ја праќа назад во вселената во облик на инфрацрвени зраци (зраци со поголеми бранови должини). Поголем дел од инфрацрвеното зрачење, емитирано од Земјината површина, се рефлектира од гасови што постојат во природата. Овие гасови спречуваат енергијата да помине кон вселената, така да зраците се враќаат назад кон Земјата и ја зголемуваат атмосферската температура. Оние гасови кои го задржуваат зрачењето се познати под називот стакленички гасови, а проблеми кои настануваат се познати под име глобално затоплување. Тоа се случува со атмосферата на Земјата во последниот век.
Глобалното затоплување, кое се должи на ефектот на стаклена градина, е проблем поврзан со можните глобални климатски промени предизвикани од зголеменото ниво на таканаречените стекленички гасови во атмосферата. Научниците излегоа со тврдење дека зголеменото присуство на овие гасови ќе резултира со глобално покачување на температурата кое би имало бројни негативни, па дури и непоправливи ефекти врз живиот свет на планетата.
Ефектот на стаклената градина го открил Joseph Fourier, 1824 година, а прв кој квантитативно го истражил е Svante Arrhenius, 1896 г.