Антарктик
континент / From Wikipedia, the free encyclopedia
Антарктик (од старогрчки: ἀνταρκτικός - „спротивно од Арктик“) — е најјужниот и најмалку населен континент на Земјата, кој го опкружува Земјиниот Јужен Пол. Антарктикот е петти по големина континент, речиси двојно поголем од Австралија и поголем од Европа и има површина од 14.200.000 км2. Поголемиот дел од Антарктикот е покриен со мраз, со просечна дебелина од 1,9 километри.
Површина | 14,200,000 km2 5,500,000 ми[1] |
---|---|
Население | 1,000 до 5,000 (сезонски) |
Густина | <0.01/км2 <0.03/sq mi |
Демоним | Антарктика |
НДД | .aq |
Антарктикот е во просек најстудениот, најсувиот и најветровитиот од континентите и има најголема просечна надморска височина. Континентот главно претставува поларна пустина, со годишни врнежи од над 200 мм покрај брегот и многу помалку во внатрешноста. Околу 70% од светските резерви на слатка вода се замрзнати на Антарктикот, кои доколку се стопат ќе го подигнат глобалното ниво на морињата за речиси 60 метри. Антарктикот го држи рекордот за најниска измерена температура на Земјата, −89.2 °C (−128.6 °F). Крајбрежните региони можат да достигнат температури над 10 °C (50 °F) во лето. Домородните видови на животни вклучуваат грини, цевчести црви, пингвини, фоки и тардигради. Онаму каде што се јавува вегетација, таа е претежно во форма на лишаи или мов.
Ледените плочи на Антарктикот веројатно првпат биле видени во 1820 година, за време на руската експедиција предводена од Фабијан Готлиб фон Белингсхаузен и Михаил Лазарев. Во следните децении следувале и дополнителни истражувања кои биле организирани преку француските, американските и британските експедиции. Првото потврдено пристигнување на континентот било потрдено од норвешки тим во 1895 година. Во почетокот на 20 век, имало неколку експедиции во внатрешноста на континентот. Британските истражувачи биле првите што стигнале до Јужниот магнетен пол во 1909 година, а географскиот Јужен Пол првпат бил достигнат во 1911 година од норвешките истражувачи.
Со Антарктикот управуваат околу 30 земји, од кои сите се страни на Антарктичкиот договор од 1959 година. Според условите на договорот, воените активности, рударството, јадрените експлозии и отстранувањето на јадрениот отпад се забранети на Антарктикот. Туризмот, риболовот и истражувањето се главните човечки активности во и околу Антарктикот. Во текот на летните месеци, околу 5.000 луѓе престојуваат на истражувачките станици, бројка што паѓа на околу 1.000 во текот на зимскиот период. И покрај неговата оддалеченост, човековата активност има значително влијание на континентот преку загадување, осиромашување на озонот и климатски промени.