белгиски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Илјо Кејсе (холандски: Iljo Keisse; р. 21 декември 1982 во Гент) — поранешен белгиски професионален велодромски и друмски велосипедист, кој возел професионално во периодот 2005-2022. Кејсе настапувал и на велодромски и на друмски трки, специјализирајќи се во возење на трки во траење од шест дена. Седум пати ја има освоено трката Шест дена Гент, а на подиум се има качено 12 пати.[1]
Кејсе на Трката околу Германија 2018 | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | |||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Илјо Кејсе | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Прекар | Веселиот скокач (Jolly Jumper) | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Роден | 21 декември 1982 Гент, Белгија | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Висина | 1,83 | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Маса | 72 кг | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Податоци за клубот | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Мом. клуб | Судал Квик-Степ | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплина | велодромски и друмски велосипедизам | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Улога | возач | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Вид на возач | издржливост (велодромски) специјалист за класици (друмски) | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Аматерски клубови | |||||||||||||||||||||||||||||||||
2004 | Јонг Вландерен 2016 | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Професионални клубови | |||||||||||||||||||||||||||||||||
2005–2008 2009 2010-2022 | Чоколад Жак-Т Интерим Џон Сеј-Дешахт-Хјундаи Квик Степ | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Значајни победи | |||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
|
Кејсе е роден во Гент. Заедно со неговиот колега Метју Гилмор, освоил три трки од шест дена во 2005/2006: Гренобл, Гент и Хаселт. По неговата победа на Шест дена Гент 2008, обата примероца А и Б се покажале позитивни на катин и диуретик, кој бил користен за прикривање на присуствово на допинг средства. Бил отпуштен од неговата екипа, Топспорт Вландерен-Меркатор, на 11 јануари 2009 година.[2] Се приклучил на екипата Џон Сеј-Дешахт-Хјундаи во мај 2009 година.[3]
На 2 ноември 2009 година, Кејсе бил прогласен за невин, откако истражувачите пронашле дека позитивните резултати не биле резултат на намерен допинг и најверојатно потекнале од контаминација на додаток во исхраната.[4] На 7 јули 2010 година, Арбитражниот суд за спорт ја потврдил жалбата од Светската антидопинг агенција и му одредил суспензија на Кејсе. Му биле признати 11 месеци суспензија, со што можел да се врати на трките во август 2011 година.[5] Во ноември, одлуката на судот била одбиена од белгискиот Апелациски суд, дозволувајќи му на Кејсе да настапи на Шест дена Гент 2010.[6] Кејсе останал под суспензија во Белгија до 27 јануари 2012 година, но повторно потпишал со Омега Парма-Квик Степ за сезоната 2012.[7]
На 28 април 2012 година, Кејсе ја освоил седмата етапа на Трката околу Турција во драматична завршница: по падот во последната кривина морал да го намести ланецот пред да спринта на целта пред групата. Првите возачи го добиле истото време како неговото.[8] Ова била првата професионална победа во неговата кариера и негова последна во изминатите две години. Негова следна победа била на класикот Шатору во август 2014 година.[9]
Уште една победа остварил во 2015 година, на Ронде ван Зеланд; ја освоил трката од групата на тројца возачи на Етикс-Квик Степ кои претходно се одвоиле.[10] На Џиро д’Италија, Кејсе ја освоил последната етапа во Милано, изместувајќи ги плановите на спринтерите. Се одвоил со возачот на Орика-ГринЕЏ Лук Дарбриџ и го претекнал за победа.[11]
Кејсе објавил дека во текот на сезоната 2022 ќе се повлече и дека негова последна трка ќе биде Шест дена Гент. Возејќи заедно со Јаспер де Бујст, завршил трет на негово 18. учество на трката.[12]
Трка | 2004 | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Шест дена Амстердам[13] | 10 | 3 | 4 | 1 | 3 | 4 | 1 | 2 | НСО | трката прекинала | |||||||||
Шест дена Бремен[14] | 3 | 4 | 3 | 1 | 2 | 3 | 1 | 1 | НСО | НСО | |||||||||
Шест дена Гент[15] | 2 | 1 | Can | 1 | 1 | 2 | 1 | 1 | 2 | 2 | 1 | 3 | 1 | НСО | 3 | ||||
Шест дена Гренобл[16] | 3 | 1 | 3 | 1 | 1 | 3 | трката прекинала | ||||||||||||
Шест дена Ротердам[17] | НСО | 4 | 2 | 1 | 3 | 1 | 4 | 1 | 1 | 1 | НСО | ||||||||
Шест дена Цирих[18] | НСО | 2 | 2 | 2 | 4 | 1 | 1 | 1 | трката прекинала |
СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала
СО = се откажал; — = не учествувал
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.