Економија на Малезија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Економијата на Малезија — шеста по големина во Југоисточна Азија според Меѓународниот монетарен фонд за 2020 година и 39-та по големина економија во светот.
Економија на Малезија | |
---|---|
Куала Лумпур, национален главен град на Малезија, и нејзиниот најголем град | |
Валута | Малезиски рингит (MYR, RM) |
Фискална година | Календарска година |
Трговски организации | АПЕК, АСЕАН, СТО |
Статистика | |
БДП | |
Пораст на БДП |
|
БДП/жит. | |
БДП по сектор |
|
Инфлација | −1.1% (2020.)[1] |
Сиромашно население | |
Џиниев коефициент | 41.0 medium (2015, Светска Банка)[6] |
Работна сила по занимање |
|
Стапка на невработеност | 3.4% (јуни 2017)[8] |
Водечки индустрии | Електроника, полупроводник, микрочипови, интегрално коло и гума, олеохемикалии, автомобилска индустрија, оптички уреди, фармацевтски производи, медицинска опрема, дрва, исламски финансии, нафта, течен природен гас, петрохемикалии, телекомуникациски производ |
Ранг според Индекс на леснотија | ▲ 12-та (многу лесно, 2020)[9] |
Надворешност | |
Извоз | $263 милијарди (2017.)[10] |
Извозни добра | Полупроводнички и електронски производи, палмово масло, течен природен гас, нафта, хемикалии, машини, возила, оптички и научни опрема, производство на метал, гума, дрво и производи од дрво |
Главни извозни партнери | |
Увоз | $197 милијарди (2017.)[10] |
Увозни добра | Електрични и електронски производи, машини, хемикалии, нафта, пластика, возила, производство на производи од метал, железо и челик |
Главни увозни партнери |
|
Странски директни инвестиции | |
Бруто надворешен долг | $217.2 милијарди (31 декември 2017.)[7] |
Јавни финансии | |
Јавен долг | 54.1% од БДП (2017.)[7][note 1] |
Приходи | 51.25 милијарди (2017.)[7] |
Расходи | 60.63 милијарди (2017.)[7] |
Економска помош | $31.6 милиони (2005 est.) |
Кредитен рејтинг |
|
Девизни резерви | ▲ US$103.4 милијарди (30 април 2019)[14] |
Главен извор на податоци: Светска книга на факти на ЦИА Сите вредности, освен ако не е запишано поинаку, се во ам. долари |
Малезија има ново индустријализирана пазарна економија, која е релативно отворена и ориентирана кон државата.[15][16] Малезиската економија е силно диверзифицирана со извозната вредност на високотехнолошки производи, каде во 2015 година биле извезени производи во вредност од 57,258 милијарди американски долари, што ја прави втора по големина во рамките на АСЕАН веднаш по Сингапур.[17] Малезија извезува втор најголем обем и вредност на производи од палмино масло на глобално ниво по Индонезија.[18]
И покрај владините политики да ги зголемат своите приходи по глава на жител со цел да го забрзаат напредокот и да бидат земја со високи примања до 2020 година, растот на платите во Малезија е многу бавен, заостанувајќи зад стандардите на ОЕЦД Академските истражувања на ММФ и Светска банка постојано повикуваат на структурни реформи како што се отстранување на политиките на Бумипутра и ендогени иновации за да се придвижи земјата нагоре по синџирот на вредности на производството за да и се овозможи на Малезија да избега од сегашната стапица за среден приход. Поради големото потпирање на извозот на нафта за приходи на централната влада, валутните флуктуации биле многу непостојани, забележливо за време на падот на цената на нафтата во 2015 година. Сепак, владата ги засилила мерките за зголемување на приходите со воведување данок на продажба и услуга (ДПУ) по стапка од 6% [19] за да се намалат дефицитите и да се исполнат обврските на федералниот долг.