Светска трговска организација
From Wikipedia, the free encyclopedia
Светска трговска организација или СТО; англиски: World Trade Organization (WTO), француски: Organisation mondiale du commerce, шпански: Organización Mundial del Comercio) — меѓународна организација која ги поставува „правилата на трговијата“ помеѓу земјите-членки. СТО е наследник на ГАТТ и нејзината основна цел е намалувањето на ограничувањата во меѓународната трговија. СТО претставува наднационална институција со статус на правно лице. Седиштето на СТО се наоѓа во Женева, Швајцарија, а во неа членуваат 164 земји. Секоја членка на СТО е должна да им го обезбеди на другите статусот на најповластена земја во трговијата, т.е. трговските концесии кои земјата ѝ ги дала на некоја земја мора да им ги даде и на сите други земји членки на СТО. Иако СТО започнала да функционира на 1 јануари 1995 година, нејзините корени потекнуваат од мултилатералните преговорите во рамките на ГАТТ, познати како Уругвајска рунда, а кои траеле од 1986 до 1994 година. Македонија е членка на СТО од 2003 година.
World Trade Organization Organisation mondiale du commerce Organización Mundial del Comercio | |
Членки Членки, двојно претставени од ЕУ Набљудувачи Неучесници | |
Основана | 1995 |
---|---|
Вид | меѓународна трговска организација |
Цел | Намалување на давачки и други трговски бариери |
Седиште | Женева, Швајцарија |
Координати | 46°13′27″N 06°08′58″E |
Регион | цел свет |
Членство | 164 [1] |
Генерален директор | Нгози Окоњо-Ивеала[2] |
Буџет | 197,2 милиони франци (о. 209 мил. долари) во 2018 г.[3] |
Вработени | 640 |
Мреж. место | wto.org |