Пазарна економија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Пазарна економија е економски систем кај кој донесувањето на одлуки за инвестирањето, производството и распределбата се заснова на понудата и побарувачката, а цените на добрата и услугите се одредени според ценовниот механизам. Ова е спротивно на планската економија, каде одлуките за инвестирањето и производството се дел од планот за производство. Пазарните економии се разликуваат, почнувајќи од варијанти на хипотетичките laissez-faire и слободните пазари, до варијанти на регулирани пазари и економски интервенционизам, каде што државата има активна улога во поправањето на пазарните неуспеси. Економиите кои најчесто постојат, се составени од одреден степен на економско планирање или на државно управувани активности, и затоа се класифицирани како мешовити економии.
Кај вистинската пазарна економија, државата ја штити сопственоста и доброволната размена и игра важна улога како заштитник на сопственичките права.
Во реалниот свет, пазарните економии не постојат во чиста форма, бидејќи државите ги контролираат до различен степен, отколку да овозможат целосна саморегулација преку пазарните сили. Терминот економија на слободниот пазар понекогаш се употребува како синоним за пазарна економија, но, како што истакнал Лудвиг Ерхард (Ludwig Erhard), ова не ја спречува една економија да обезбеди различни програми за општествена благосостојба, како што се бенефиции при невработеност, како во случајот кај социјалната пазарна економија.
Покрај тоа, постојат многу варијанти на пазарен социјализам, почнувајќи од кооперативниот модел, каде претпријатијата, во сопственост на работникот и засновани врз самоуправување, се координираат според пазарите, а аутпутот на крајните производи и услуги се заснова на пазарна алокација, па до оние средства за производство кои се во сопственост на јавноста (државата).
Терминот употребен сам по себе може погрешно да биде наведен. На пример, САД се состои од мешана економија (значајна регулатива за пазарот, земјоделски субвенции, огромни финансиски средства наменети за истражување и развој од страна на државата, здравствена заштита за стари луѓе/здравствена заштита за сиромашни), но која сепак се заснова на пазарната економија. Постојат различни гледишта за тоа колку треба да е голема инволвираноста на државата во водењето на пазарната економија и за адресирањето на нееднаквостите што ги создава пазарот. Ова е забележано од тековниот недостаток на консензус за проблеми како што се централната банка и социјалната помош.