Економски систем
From Wikipedia, the free encyclopedia
Економски систем претставува комбинација од различни агенции, потрошувачи, ентитети (или дури и сектори, како што ги нарекуваат некои автори) што ја формираат економската структура, која ja дефинира општествената заедница. Економските системи ги опфаќаат производството, распределбата на економските инпути, дистрибуцијата на економските аутпути, земјопоседниците и расположливото земјиште, домаќинствата (заработувачка и трошоци за потрошување на добра и услуги во една економија), капиталистите, банките (финансиски институции) и владата. Се работи за група на институциии и нивните различни социјални врски.
Алтернативно, тоа претставува група на принципи со кои се насочуваат проблемите на економијата, како што е економскиот проблем на недостаток при распределба на крајни продуктивни ресурси. Еден економски систем е составен од луѓе,институции, правила и врски. Како пример се конвенцијата за заштита на сопственост, владините институции или односот работник-работодавец. Примери за современи економски системи вклучуваат капиталистички системи, социјалистички системи, и мешани економии. Денес светот во голема мера функционира според глобален економски систем, кој се заснова на капиталистички начин на производство.
„Економските системи“ се економска категорија која вклучува изучување на таквите системи.