Меѓународен монетарен фонд
From Wikipedia, the free encyclopedia
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) е меѓународна организација која го надгледува глобалниот финансиски систем, девизните курсеви и билансите на плаќања на земјите, а исто така нуди техничка и финанскиска поддршка кога им е потребна на земјите-членки. Седиштето на ММФ е во Вашингтон. ММФ се опишува себеси како „организација на 185 држави, кои работат на глобална финансиска соработка, финансиска стабилност, олеснување на меѓународната трговија, промоција на вработувањето и на економскиот раст, и намалување на корупцијата“. Од сите членки на ОН само Северна Кореја, Куба, Лихтенштајн, Андора, Монако, Тувалу и Науру не се членки во ММФ и не се застапени преку други членки. ММФ заедно со Меѓународната банка за обнова и развој (познати како „Бретонвудски близнаци“) делуваат заедно, со цел воспоставување стабилен систем на меѓународни односи.
Кратенка | ММФ |
---|---|
Основана | 27 декември 1945 (1945-12-27) |
Вид | финансиска институција |
Правен статус | оперативна |
Седиште | Вашингтон, САД |
Регион | Во светот |
Членство | 190 земји |
Службени јазици | англиски |
Директор | Кристалина Георгиева |
Главно тело | Одбор на директори |
Буџет | $1,2 милијарди |
Вработени | 2400 |
Мреж. место | imf.org |
ММФ има три цели: унапредување на меѓународната монетарна соработка и стабилност на меѓународните монетарни односи со цел спречување на девалвациите на националните валути и помош во создавањето на мултилатерален систем на плаќање во однос на монетарните трансакции меѓу земјите-членки и отстранување на девизните ограничувања кои се пречка за светската трговија. Фондот е посебно правно лице, со право да склучува договори и да располага со движен и недвижен имот.