Девалвација
From Wikipedia, the free encyclopedia
Девалвација (англ.: devaluation) претставува мерка на економската политика со која се намалува вредноста на домашната валута во однос на една или повеќе странски валути. Девалвацијата се презема со цел да се отстрани надворешната нерамнотежа во економијата, т.е. да се подобри состојбата во билансот на меѓународните плаќања.