Економија на Казахстан
From Wikipedia, the free encyclopedia
Економијата на Казахстан — најголемата економија во Средна Азија во целост и по глава на жител, но валутата забележала пад помеѓу 2013 и 2016 година. Казахстан поседува резерви на нафта, како и минерали и метали. Исто така, има значителен земјоделски потенцијал со своите огромни степски земји каде сточарството и житото се одржува. Планините на југ се важни за јаболката и оревите. Двата вида растат на див начин во овој регион. Индустрискиот сектор во Казахстан се потпира на извлекување и преработка на овие природни ресурси.
Економија на Казахстан | |
---|---|
Нур-Султан, главен град на Казахстан. | |
Валута | тенге (KZT) = 1 = 0.0026 USD |
Фискална година | календарска година |
Трговски организации | СТО, ЗНД, ЕАЕУ & EACU |
Статистика | |
БДП | ▲ $170.539 милијарди (ном., 2018)[1] ▲ $508.642 милијарди (ПКМ, 2018)[1] |
Пораст на БДП | 1.1% (2016) 4.0% (2017) 4.1% (2018e) 3.5% (2019f) [2] |
БДП/жит. | ▲ $9,236 (ном., 2018 )[1] ▲ $27,549 (PPP, 2018 )[1] |
БДП по сектор | земјоделство: 4.7% индустрија: 34.1% услуги: 61.2% (2017 )[3] |
Инфлација | 5.464% (2019f )[1] 6.025% (2018 )[1]14.6% (2016 )[3] |
Сиромашно население | 2.6% (2016 )[3] |
Џиниев коефициент | 26.9 low (2015, Светска банка)[4] |
Работна сила | 8.97 милиони (2017 )[3] |
Labor по занимање | земјоделство: 18.1% индустрија: 20.4% услуги: 61.6% (2017 )[3] |
Стапка на невработеност | ▬ 5% (2017 )[3] |
Водечки индустрии | масло, јаглен, железна руда, манган, хромит, олово, цинк, бакар, титан, боксит, злато, сребро, фосфати, сулфур, ураниум, железо и челик; трактори и други земјоделски машини, електрични мотори, градежни материјали |
Ранг според Индекс на леснотија | ▲ 28-ми (2019)[5] |
Надворешност | |
Извоз | ▲ $49.29 милијарди (2017 )[3] |
Извозни добра | нафта и производи од нафта, природен гас, обоени метали, хемикалии, машини, жито, волна, месо, јаглен |
Главни извозни партнери | Италија 17.9% Кина 11.9% Холандија 9.8% Русија 9.3% Швајцарија 6.4% Франција 5.9% (2017)[3] |
Увоз | ▲ $31.85 милијарди (2017 )[3] |
Увозни добра | машини и опрема, метални производи, прехранбени производи |
Главни увозни партнери | Русија 38.9% Кина 16.1% Германија 5.1% САД 4.3% (2017)[3] |
Странски директни инвестиции | ▲ $161.6 милијарди (31 декември 2017 )[3] ▲ Во странство: $35.04 милијарди (31 декември 2017 )[3] |
Бруто надворешен долг | $167.5 милијарди (31 декември 2017 )[3] |
Јавни финансии | |
Јавен долг | 20.8% ГДП (2017)[3] |
Приходи | 35.48 милијарди (2017)[3] |
Расходи | 38.3 милијарди (2017)[3] |
Кредитен рејтинг | |
Девизни резерви | ▲ $30.75 милијарди (31 декември 2017 )[3] |
Главен извор на податоци: Светска книга на факти на ЦИА Сите вредности, освен ако не е запишано поинаку, се во ам. долари |
Распадот на СССР и колапсот на побарувачката за традиционалните производи на тешката индустрија во Казахстан резултирале со силен пад на економијата од 1991 година, со најтешкиот годишен пад што се случил во 1994 година. Во 1995-97 започнала владина програма за економска реформа а приватизацијата се забрзала, што резултирало со значително поместување на средствата во приватниот сектор. Потпишувањето на Договорот за Каспискиот гасовод во декември 1996 година за изградба на нов гасовод од територијата на западен Казахстан до Црното Море ги зголемило шансите за значително поголем извоз на нафта за неколку години. Казахстанската економија се свртела надолу во 1998 година со пад на БДП од 2,5 отсто поради намалените цени на нафтата и августовската финансиска криза во Русија. Во 1999 година започнало закрепнување на меѓународните цени на нафтата, кои, во комбинација со добро темпирана девалвација на Казахстанското тенге, ја извлекло економијата од рецесија.
Тековниот БДП по глава на жител се намалил за 26% во деведесеттите години[8]. Во 2000-тите, економијата на Казахстан остро се зголемила, потпомогната од зголемените цени на светските пазари на нафта, метали и жито. БДП пораснало за 9,6% во 2000 година, наспроти 1,7% во 1999 година. Во 2006 година, екстремно високиот раст на БДП бил одржлив и пораснал за 10,6%[9]. Бизнисите со Русија и Кина, како и соседните држави на ЗНД помогнале да се стимулира овој раст. Зголемениот економски раст, исто така, довел до пресврт во владините финансии, при што буџетот се движел од дефицитот во готово од 3,7% од БДП во 1999 година до вишок од 0,1% во 2000 година. Земјата доживеала забавување на економскиот раст од 2014 година, предизвикан од опаѓање цените на нафтата и ефектите од Украинската криза[10]. Валутата на земјата била девалвирана за 19% во 2014 година и за 22% во 2015 година.
Во 2017 година, Светскиот економски форум го изготвил својот ранг на глобално ниво за конкурентност а Казахстан бил на 57 место од вкупно 144 земји[11]. Рангирањето ги разгледува повеќекратните макроекономски и финансиски фактори, како што се големината на пазарот, БДП, даночните стапки, развојот на инфраструктурата итн[12]. Во 2012 година, Светскиот економски форум ја навел корупцијата како најголем проблем во бизнисот во земјата[13], додека Светската банка го навел Казахстан како жариште за корупција, на исто ниво со Ангола, Боливија, Кенија, Либија и Пакистан[14].
Потпретседателот на Светската банка за Европа и Средна Азија, Кирил Милер, го посетил Нур-Султан (тогаш Астана) во јануари 2017 година, каде што го пофалил напредокот на земјата направен за време на 25-годишното партнерство со Светската банка. Милер, исто така, зборувал за подобреното позиционирање на Казахстан во Извештајот на Светската банка за 2017 година, каде што Казахстан е рангиран на 35 место од 190 земји во светот[15].
Казахстан обезбедил трета позиција во регионалната ранг-список на Централната и Јужна Азија од Глобалниот индекс на иновации во 2018 објавен од Светската организација за интелектуална сопственост[16].