Ореви
From Wikipedia, the free encyclopedia
Оревите (науч. Juglandaceae) се фамилија на дрвја, понекогаш грмушки, во редот Fagales. Различните членови од оваа фамилија се нативни за Америка, Евроазија и Југоисточна Азија.
Ореви | |
---|---|
Персиски орев (Juglans regia) | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Оддел: | Скриеносеменици |
Класа: | Дикотиледони |
Ред: | Буковидни |
Семејство: | Ореви DC. ex Perleb |
Оревите имаат големи и ароматични листови, кои најчесто се последователни, но наспрамни кај родовите Alfaroa и Oreomunnia. Листовите се пересто насечени или троделни, и обично 20-100 см во должина.
Дрвјата се анемофилни (се опрашуваат со ветер), а цветовите најчесто се поредени во реси.
Постојат осум рода во оваа фамилија, вклучувајќи ги и комерцијално важните ореводајните дрва орев (Juglans), пекан (Carya illinoinensis) и хикори (Carya). Персискиот орев , Juglans regia, е еден од најважните орешкови култури во светот. Овие дрвја се исто така добри како градежни материјали.