Волта а Каталуња 2018
98. издание на велосипедската трка Волта а Каталуња / From Wikipedia, the free encyclopedia
Волта а Каталуња 2018 (позната и како Трка околу Каталонија 2018) — 98. издание на велосипедската етапна трка Волта а Каталуња, која се одржала помеѓу 19 и 25 март како деветти настан во сезоната на Светската турнеја.[1][2]
| |||
Детали за трката | |||
Издание | 98. Волта а Каталуња | ||
Натпреварување | Светска турнеја на UCI 2018 2.UWT | ||
Етапи | 7 | ||
Датуми | 19 – 25 март | ||
Растојание | 1.136,6 км | ||
Држава | Шпанија | ||
Поаѓалиште | Калеља | ||
Одредиште | Барселона | ||
Екипи | 25 | ||
Возачи на почеток | 175 | ||
Возачи на крај | 113 | ||
Просечна брзина | 39,995 км/ч | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Алехандро Валверде (Мовистар) | ||
Второпласиран | Наиро Кинтана (Мовистар) | ||
Третопласиран | Пјер Латур (АГ2Р Ситроен Тим) | ||
Планински | Алехандро Валверде (Мовистар) | ||
Спринтерски | Љуис Мас (Каха Рурал-Сегурос РГА) | ||
Младински | Пјер Латур (АГ2Р Ситроен Тим) | ||
Екипен | Мовистар | ||
◀2017 | 2019▶ | ||
Документација |
Втора година по ред и третпат во кариерата, трката била освоена од возачот на Мовистар Тим, Алехандро Валверде.[3] Валверде ги освоил втората и четвртата етапа на трката, преземајќи го водството на трката - и планинскиот пласман исто така - по победата на втората етапа. Завршил 29 секунди пред најблискиот соперник,[4] колегата Наиро Кинтана, откако сонародникот на Кинтана, Еган Бернал (Тим Скај) отпаднал од трката на завршниот ден. Подиумот бил заокружен од возачот на АГ2Р-Ла Мондијал, Пјер Латур, кој доцнел уште 18 секунди зад Валверде; повлекувањето на Бернал исто така му овозможило на Латур да го освои пласманот за млад возач.[4] Спринтерскиот пласман бил освоен од Љуис Мас (Каха Рурал-Сегурос РГА),[4] додека Мовистар Тим го освоиле екипниот пласман, откако имале и трет возач, Марк Солер, меѓу најдобрите пет.[4]