Велосипедизам на Летните олимписки игри 2012 - друмска трка за жени
From Wikipedia, the free encyclopedia
Друмската трка за жени, дел од олимписките велосипедски настани на Летните олимписки игри 2012, се одржала на 29 јули во Лондон.[1] Друмската трка се одржала на патека, која започнала и завршила пред Бакингемската палата[2] и се упатила кон Сари. Никол Кук од Велика Британија била бранител на титулата од Пекинг.
Велосипедизам на Летните олимписки игри 2012 | ||||
---|---|---|---|---|
Друмски велосипедизам | ||||
Друмска трка | мажи | жени | ||
Хронометар | мажи | жени | ||
Велодромски велосипедизам | ||||
Спринт | мажи | жени | ||
Екипен спринт | мажи | жени | ||
Кеирин | мажи | жени | ||
Екипна потера | мажи | жени | ||
Омниум | мажи | жени | ||
Планински велосипедизам | ||||
Крос-кантри | мажи | жени | ||
BMX | ||||
BMX | мажи | жени |
Друмската трка започнала пред Бакингемската палата пред возачите да се упатат кон југозапад низ градот. Потоа тие ја преминале реката Темза преку мостот Патни и продолжиле низ парковите Ричмонд, Баши и поминале крај судската палата Хемптон. Делот во Сари бил одбележан со неколку кругови на предизвикувачкото искачување Бокс Хил (девет за друмската трка за мажи, два круга за женската трка), пред возачите да се упатат кон север низ Ледерхед, Ешер, Кингстон, паркот Ричмонд и повторно пред Бакингемската палата за крај.[3] Во борбата со дождот, трката ја освоила Маријане Вос од Холандија, освојувајќи го златниот медал. Британката Лизи Армитстед била втора, додека Русинката Олга Забелинскаја пристигнала трета.[4]