Бакингемска палата
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бакингамска палата — официјална резиденција на британските монарси во Лондон. Палатата се наоѓа во Вестминстер и претставува место каде што се одржуваат државни настани и кралски приеми. Претставува збирно место на британците за време на државно славење и државни кризи. Првобитно била позната како Бакингемска куќа која претставува јадро на денешната палата, голема резиденција за Војводата од Бакингем во 1705 година изградена на имот кој бил во приватна сопственост најмалку 150 години. Подоцна во 1761 години Џорџ III ја стекнал како приватна резиденција за кралицата Шарлота, позната како „куќа на кралицата“. Во текот на 19 век палатата била проширена, главно од архитектот Џон Неш и Едвард Блор, градејќи три крила околу централниот двор. На крајот Бакингемската палата станала официјална кралска палата на британскиот монарх во 1837 година кога на престолот дошла кралицата Викторија. Последните поголеми проширувања биле направени кон крајот на 19 век и почетокот на 20 век, вклучувајќи ја источната предна страна на која се наоѓа познатиот балкон, каде кралското семејство традиционално се собира за да ја поздрави насобраната толпа надвор. Меѓутоа, кралската капела била уништена од германска бомба за време на Вторта светска војна. Во 1962 година Краличината галерија била изградена на имотот и отворена за јавноста за изложување на уметничките дела од Кралската збирка. Оригиналната внатрешна конструкција од почетокот на 19 век, најголемиот дел е зачуван и денес, вклучувајќи ја широката употреба на светло обоена скаљола и син и розов лапис , како што советувал Сер Чарлс Лонг. Кралот Едвард VII го надгледувал нецелосното преуредување во стилот Belle Epoque во кој преовладува кремова и златна боја. Повеќето помали простории за прием се уредени во кинеско регенски стил со мебел и опрема донесени од кралскиот павилјон во Брајтон и куќата Карлтон. Градината во Бакингамската палата е најголемата приватна градина во Лондон. Просториите за прием, кои се користат за службени и државни приеми, се отворени за јавноста секоја година во август и септември, како дел од летното отворање на палатата.
Бакингамска палата Buckingham Palace | |
---|---|
Поглед кон Бакингамската палата | |
Општи податоци | |
Град | Вестминстер, Лондон |
Земја | Англија, Велика Британија |