From Wikipedia, the free encyclopedia
Анџело Ди Ливио (роден на 26 јули 1966 во Рим) — поранешен италијански фудбалер, играч од средниот ред.
Анџело Ди Ливио | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 26 јули 1966 | ||
Роден во | Рим, Италија | ||
Држава | Италија | ||
Висина | м | 1,73||
Играчки податоци | |||
Позиција | среден ред | ||
Повлекување | 2005 (38 г.) | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1984-1985 | Рома | 0 | (0) |
1985-1986 | → Реџана | 13 | (0) |
1986-1987 | → Ночерина | 31 | (1) |
1987-1989 | Перуџа | 72 | (4) |
1989-1993 | Падова | 138 | (13) |
1993-1999 | Јувентус | 186 | (3) |
1999-2005 | Фјорентина | 169 | (8) |
Репрезентација ‡ | |||
1995-2002 | Италија | 40 | (0) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Анџело е во брак со Сабрина со која има син, Лоренцо, кој исто така е фудбалер.[1]
За време на својот престој во Јувентус, под водството на Марчело Липи, тој играл како мецала, бек или крилен напаѓач, и тоа најчесто по десната страна,[2] иако не малку пати бил користен и по левата страна[3][4] додека во Фјорентина ја покривал позицијата на централен играч од средниот ред, играјќи во различни улоги.[2]
Одличен во дефанзивна фаза на игра и обдарен со спринт, пожртвуваност и издржливост, тој бил познат како Il soldatino (превод на мак. малиот војник),[5] прекар кој го добил од својот соиграч во Јувентус и италијанската репрезентација, Роберто Баџо, поради неговиот карактеристичен начин на движење по теренот, напред-назад по крилната позиција.[6]
Започнал да игра фудбал во Полиспортива Буфалота, клуб кој го носи своето име по истоимениот кварт во Рим, каде Ди Ливио пораснал.[7] На возраст од петнаесет години, тој се приклучил на младинскиот тим на Рома, со која го освоил Турнирот Вијареџо во 1983 година. Во сезоната 1984-1985, бил промовиран во првиот тим на Рома, но не добил шанса од тренерот Роберто Клаглуна да дебитира.
Откако не направил ниту еден официјален настап за Рома во сезоната, во следната тој бил позајмен на Реџана во Серија Ц1, каде ги одиграл својте први минути како професионалец завршувајќи го престојот таму со 13 настапи. Потоа, тој бил позајмен една сезона и во Ночерина во истата лига, каде го постигнал првиот гол во својата кариера. Во клубот тој играл заедно со Алдо Фирикано, кој подоцна му бил соиграч и во Фјорентина.[8]
Во летото 1987 година, Ди Ливио бил испратен на трета позајмица по ред, приклучувајќи и се на Перуџа со која се натпреварувал во Серија Ц2. Веќе во првата сезона тој заедно со уште еден голем талент во тоа време Фабрицио Раванели (со кој подоцна ќе играат заедно и во Јувентус) помогнале да биде освоено првенството и Перуџа да избори промоција во Ц1.[9] По завршувањето на сезоната, клубот од Умбрија го откупил Ди Ливио од Рома и тој останал во црвено-белите уште една цела сезона, пред да ја напушти Перуџа во октомври 1989 година кога во есенската трансфер-сесија се преселил во Падова, во Серија Б.[4]
Дебитирал во втората италијанската лига на 22 октомври 1989, во натпреварот Падова-Анкона 1-2. Својот прв гол за Падова го постигнал на 10 декември 1989, во победата со 1-0 на гостувањето кај Катанцаро.
Тој одиграл 4 сезони во Падова, останувајќи во клубот од Венето до завршувањето на сезоната 1992-1993. Вкупно за клубот одиграл 138 првенствени натпревари и постигнал 13 голови.
По долги години играње во помали клубови, во летото 1993 година Ди Ливио заедно со соиграчот од Падова, Алесандро Дел Пјеро, потпишале за еден од најсилните италијански клубови Јувентус воден од тренерот Џовани Трапатони.[4] Трансферот на Ди Ливио изнесувал 4 милијарди италијански лири.[10]
Своето деби во Серија А го имал возраст од 27 години, на 5 септември 1993 година во гостинскиот натпревар против клубот во кој поникнал, Рома, што завршил 2-1 за домаќините. Својот прв гол за бјанконерите го постигнал на 27 октомври, во поразот со 4-3 од Венеција во Купот на Италија, додека својот прв гол во лигата го постигнал на почетокот на неговата втора сезона во Јувентус, на 25 септември 1994 година, во победата со 1-0 на домашен терен над Сампдорија. Втората сезона во Торино под водството на новиот тренер Марчело Липи ја завршил со 27 настапи (1 гол) во Серија А и 9 настапи во Купот на Италија, помагајќи му на Јувентус да ја освои двојната круна: првенството и купот, што биле и првите два освоени трофеи во кариерата на Ди Ливио. Клубот исто така стигнал до финалето на Купот на УЕФА, каде биле поразени од друг италијански клуб Парма со вкупен резултат 2-1 за млекарите. Ди Ливио играл и во двата финални натпревари.
Во сезоната 1995-1996, Ди Ливио го постигнал својот прв гол во европските натпревраувања, откако ја погодил мрежата на романската екипа Стеауа Букурешт во победата со 3-0 на Деле Алпи во групната фаза од Лигата на шампионите. Својот трет трофеј со Јувентус го освоил во Суперкупот на Италија по победата со 1-0 над Парма во Торино; тој се појавил во игра од клупата за резерви на местото на стрелецот на единствениот гол во овој натпревар Џанлука Вијали во 78-мата минута. И во текот на оваа сезона тој бил стандарен првотимец забележувајќи 44 настапи во сите натпреарувања. Јувентус не успеал да ги одбрани титулите во Серија А и Купот на Италија, но затоа ја освоиле својата втора титула во Лигата на шампионите, победувајќи го холандскиот Ајакс во финалето одиграно во Рим по изведување на пенали со 4-2 откако во регуларниот тек на натпреварот и продолженијата резултатот бил нерешен 1-1. Ди Ливио влегол во игра во 57-мата минута од финалето на местото на Пауло Соуса, а после победата на Јувентус, тој се приклучил на мала група на играчи кои го освоиле ова престижно натпреварување во својот роден град; покрај Ди Ливио тоа го сториле уште Енрике Матеос и Мигел Муњос (Мадрид), Алекс Степни (Лондон), Никола Анелка (Париз) и Гарет Бејл (Кардиф).[11]
Во следните две сезони, Ди Ливио освоил уште две скудета во Серија А и играл уште две финалиња во Лигата на шампионите, но за разлика од финалето одиграно во неговиот роден град овие две финалиња биле со неповолен исход за неговиот Јувентус откако тие биле поразени со 3-1 од Борусија Дортмунд во Минхен (1997) и со 1-0 од Реал Мадрид во Амстердам (1998). Покрај тоа освоил уште еден Суперкуп на Италија победувајќи ја Виченца со 3-0, Суперкупот на УЕФА победувајќи го Париз Сен Жермен со вкупен резултат 9-2 и Интерконтиненталниот куп со победа над Ривер Плејт со 1-0; тој играл во сите тие натпревари.
Неговата последна сезона во дресот на Јувентус била сезоната 1998-1999, во која клубот доживеал неочекуван крах и долгогодишниот тренер Липи бил отпуштен и заменет со Карло Анчелоти. По завршувањето на сезоната, клубот се решил за поголема реконструкција и некои повозрасни играчи кои долг период биле во клубот биле продадени, a меѓу нив бил и Ди Ливио како и Анџело Перуци и Дидје Дешан.
Вкупо за Јувентус одиграл шест сезони во кои забележал 269 настапи и постигнал 6 гола.
И покрај силната врска која ја имал со Јувентус, во летото 1999 година тој бил продаден против негова волја во Фјорентина. Дебитирал за виола на 11 август 1999, во натпреварот од квалификациите за Лигата на шампионите против полската екипа Виѓев Лоѓ, во кој неговиот тим забележал победа со 3-1 на Артемио Франки. Својот прв гол во виолетовиот дрес го постигнал на 6 ноември 1999, во ремито 1-1 на гостувањето против Каљари во Серија А.
Во сезоната 2000-2001, Ди Ливио го освоил својот прв трофеј со Фјорентина, Купот на Италија, после победата со вкупен резултат 2-1 во финалето против Парма; ова бил неговиот втор трофеј во купот во неговата кариера по оној освоен со бјанконерите шест години порано. Сепак, само година дена по овој успех, следеле тешки денови за клубот од Фиренца кој се соочил со големи финансиски проблеми и на крајот со испаѓање од Серија А по 7 последователни сезони таму.
Набргу потоа во 2002 година Фјорентина прогласила банкрот, по што била преместена во Серија Ц2 под новото име Флорентија Виола, а Ди Ливио - кој бил назначен за капитен на виола во претходната сезона - решил да остане со цел да му помогне на клубот во овие тешки денови. Откако клубот, кој станал носител на спортската традиција на исчезнатиот популарен италијански клуб, го освоил Ц2 првенството тие истовремено добиле уште една промоција и право да играат во Серија Б следната сезона заради спортските заслуги остварени во минатото. Следната сезона во Серија Б, клубот го вратил старото име Фјорентина, а Ди Ливио одиграл 41 натпревар и постигнал 4 гола; тој исто така играл за својот тим и во двата натпревари против Перуџа во плејофот за промоција во Серија А, помагајќи му на клубот конечно да се врати во највисокиот ранг на италијанскиот фудбал по само две години пауза.
Ди Ливио останал во Фјорентина до крајот на сезоната 2004-2005, по која клубот не му го обновил договорот и тој решил да се пензионира од активното играње фудбал. Својот последен официјален натпревар го одиграл на 29 мај 2005 во победата над Бреша со 3-0. Вкупно за Фјорентина одиграл 214 натпревари и постигнал 8 голови.
Своето деби за сениорската репрезентација на Италија го направил на возраст од 29 години, на 6 септември 1995, во натпреварот Италија-Словенија (1-0). Потоа тој бил повикуван од страна на четири различни селектори и учествувал на неколку турнири: Европското првенство 1996 во Англија (под водство на Ариго Саки), Светското првенство 1998 во Франција (со Чезаре Малдини), Европското првенство 2000 во Белгија и Холандија (со Дино Ѕоф) и, речиси со 36 години, настапил и на Светското првенство 2002 во Јужна Кореја и Јапонија (со Џовани Трапатони).
На 18 јуни 2002 година, Ди Ливио го одиграл својот последен натпревар во националниот дрес, во осминафиналето на мундијалот во 2002, против домаќинот Јужна Кореја: незаборавно, во текот на овој натпревар, сите погледи биле свртени кон судијата Бајрон Морено, кој го исклучил од игра Франческо Тоти.[12] Во една изјава потоа Ди Ливио рекол дека судијата Морено му го уништил мундијалот.[13]
Вкупно тој забележал 40 настапи за аѕурите, од кои само во 12 играл од почеток до крајот на натпреварот.
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Италија | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
6-9-1995 | Удине | Италија | 1 – 0 | Словенија | Квал. за Евро 1996 | - | ||
8-10-1995 | Сплит | Хрватска | 1 – 1 | Италија | Квал. за Евро 1996 | - | ||
24-1-1996 | Терни | Италија | 3 – 0 | Велс | Пријателска | - | 79' | |
29-5-1996 | Кремона | Италија | 2 – 2 | Белгија | Пријателска | - | 46' | |
1-6-1996 | Будимпешта | Унгарија | 0 – 2 | Италија | Пријателска | - | ||
11-6-1996 | Ливерпул | Италија | 2 – 1 | Русија | Евро 1996 - Прва фаза | - | 62' | |
19-6-1996 | Манчестер | Италија | 0 – 0 | Германија | Евро 1996 - Прва фаза | - | 81' | |
5-10-1996 | Кишињев | Молдавија | 1 – 3 | Италија | Квал. за СП 1998 | - | 46' | |
9-10-1996 | Перуџа | Италија | 1 – 0 | Грузија | Квал. за СП 1998 | - | 82' | |
22-1-1997 | Палермо | Италија | 2 – 0 | Северна Ирска | Пријателска | - | 79' | |
12-2-1997 | Лондон | Англија | 0 – 1 | Италија | Квал. за СП 1998 | - | ||
29-3-1997 | Трст | Италија | 3 – 0 | Молдавија | Квал. за СП 1998 | - | 75' | |
2-4-1997 | Хожув | Полска | 0 – 0 | Италија | Квал. за СП 1998 | - | ||
30-4-1997 | Неапол | Италија | 3 – 0 | Полска | Квал. за СП 1998 | - | ||
4-6-1997 | Нант | Англија | 2 – 0 | Италија | Турнир во Франција | - | 46' | |
8-6-1997 | Лион | Италија | 3 – 3 | Бразил | Турнир во Франција | - | 88' | |
11-6-1997 | Париз | Италија | 2 – 2 | Франција | Турнир во Франција | - | ||
10-9-1997 | Тбилиси | Грузија | 0 – 0 | Италија | Квал. за СП 1998 | - | ||
11-10-1997 | Рим | Италија | 0 – 0 | Англија | Квал. за СП 1998 | - | ||
28-1-1998 | Катанија | Италија | 3 – 0 | Словачка | Пријателска | - | 46' | |
2-6-1998 | Гетеборг | Шведска | 1 – 0 | Италија | Пријателска | - | 46' | |
11-6-1998 | Бордо | Италија | 2 – 2 | Чиле | СП 1998 - Прва фаза | - | 61' | |
17-6-1998 | Монпелје | Италија | 3 – 0 | Камерун | СП 1998 - Прва фаза | - | 83' | |
27-6-1998 | Марсеј | Италија | 1 – 0 | Норвешка | СП 1998 - Осминафинале | - | 63' | |
3-7-1998 | Париз | Италија | 0 – 0 прод. (3-4 пен.) | Франција | СП 1998 - Четвртфинале | - | ||
5-6-1999 | Болоња | Италија | 4 – 0 | Велс | Квал. за Евро 2000 | - | 69' | |
9-6-1999 | Лозана | Швајцарија | 0 – 0 | Италија | Квал. за Евро 2000 | - | 60' | |
11-6-2000 | Арнем | Турција | 1 – 2 | Италија | Евро 2000 - Прва фаза | - | 83' | |
19-6-2000 | Ајндховен | Италија | 2 – 1 | Шведска | Евро 2000 - Прва фаза | - | 64' | |
7-10-2000 | Милано | Италија | 3 – 0 | Романија | Квал. за СП 2002 | - | ||
11-10-2000 | Анкона | Италија | 2 – 0 | Грузија | Квал. за СП 2002 | - | ||
15-11-2000 | Торино | Италија | 1 – 0 | Англија | Пријателска | - | 52' | |
28-3-2001 | Трст | Италија | 4 – 0 | Литванија | Квал. за СП 2002 | - | 82' | |
25-4-2001 | Перуџа | Италија | 1 – 0 | Јужна Африка | Пријателска | - | 82' | |
2-6-2001 | Тбилиси | Грузија | 1 – 2 | Италија | Квал. за СП 2002 | - | 58' | |
6-10-2001 | Парма | Италија | 1 – 0 | Унгарија | Квал. за СП 2002 | - | 79' | |
7-11-2001 | Саитама | Јапонија | 1 – 1 | Италија | Пријателска | - | 89' | |
18-5-2002 | Прага | Чешка | 1 – 0 | Италија | Пријателска | - | 69' | |
3-6-2002 | Сапоро | Италија | 2 – 0 | Еквадор | СП 2002 - Прва фаза | - | 64' | |
18-6-2002 | Теџон | Италија | 1 – 2 зг | Јужна Кореја | СП 2002 - Осминафинале | - | 72' | |
Вкупно | Настапи (69. место) | 40 | Голови | 0 |
Статистиката е ажурирана на 29 мај 2005.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
1984-1985 | Рома | А | 0 | 0 | КИ | 0 | 0 | КПК | 0 | 0 | - | - | - | 0 | 0 |
1985-1986 | Реџана | Ц1 | 13 | 0 | КИ | 5 | 0 | - | - | - | - | - | - | 18 | 0 |
1986-1987 | Ночерина | Ц1 | 31 | 1 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 31 | 1 |
1987-1988 | Перуџа | Ц2 | 34 | 3 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 34 | 3 |
1988-1989 | Ц1 | 33 | 1 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 33 | 1 | |
јул.-окт. 1989 | Ц1 | 5 | 0 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 5 | 0 | |
Вкупно Перуџа | 72 | 4 | - | - | - | - | - | - | 72 | 4 | |||||
окт. 1989-1990 | Падова | Б | 29 | 2 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 29 | 2 |
1990-1991 | Б | 36 | 3 | КИ | 2 | 0 | - | - | - | - | - | - | 38 | 3 | |
1991-1992 | Б | 36 | 3 | КИ | 4 | 0 | - | - | - | - | - | - | 40 | 3 | |
1992-1993 | Б | 36 | 5 | КИ | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 37 | 5 | |
Вкупно Падова | 137 | 13 | 7 | 0 | - | - | - | - | 144 | 13 | |||||
1993-1994 | Јувентус | А | 33 | 0 | КИ | 2 | 1 | КУ | 2 | 0 | - | - | - | 37 | 1 |
1994-1995 | А | 27 | 1 | КИ | 9 | 0 | КУ | 10 | 0 | - | - | - | 46 | 1 | |
1995-1996 | А | 32 | 0 | КИ | 2 | 0 | ЛШ | 9 | 1 | СИ | 1 | 0 | 44 | 1 | |
1996-1997 | А | 32 | 1 | КИ | 4 | 0 | ЛШ | 11 | 0 | СУ+ИнтК | 2+1 | 0 | 50 | 1 | |
1997-1998 | А | 30 | 0 | КИ | 6 | 0 | ЛШ | 7 | 0 | СИ | 1 | 0 | 44 | 0 | |
1998-1999 | А | 33+2[14] | 1 | КИ | 4 | 1 | ЛШ | 8 | 0 | СИ | 1 | 0 | 48 | 2 | |
Вкупно Јувентус | 187+2 | 3 | 27 | 2 | 47 | 1 | 6 | 0 | 269 | 6 | |||||
1999-2000 | Фјорентина | А | 30 | 2 | КИ | 2 | 0 | ЛШ | 14[15] | 0 | - | - | - | 46 | 2 |
2000-2001 | A | 33 | 1 | КИ | 8 | 0 | КУ | 2 | 0 | - | - | - | 43 | 1 | |
2001-2002 | А | 32 | 1 | КИ | 0 | 0 | КУ | 4 | 0 | СИ | 1 | 0 | 37 | 1 | |
2002-2003 | Ц2 | 21 | 0 | КИ-Ц | 3 | 0 | - | - | - | - | - | - | 24 | 0 | |
2003-2004 | Б | 41+2[16] | 4 | КИ-Ц | 2 | 0 | - | - | - | - | - | - | 45 | 4 | |
2004-2005 | А | 12 | 0 | КИ | 7 | 0 | - | - | - | - | - | - | 19 | 0 | |
Вкупно Фјорентина | 169+2 | 8 | 22 | 0 | 20 | 0 | 1 | 0 | 214 | 8 | |||||
Вкупно во кариерата | 613 | 29 | 61 | 2 | 67 | 1 | 7 | 0 | 748 | 32 |
Фудбалска репрезентација на Италија | ||
Год. | Наст | Гол |
---|---|---|
1995 | 2 | 0 |
1996 | 7 | 0 |
1997 | 10 | 0 |
1998 | 6 | 0 |
1999 | 2 | 0 |
2000 | 5 | 0 |
2001 | 5 | 0 |
2002 | 3 | 0 |
Вкупно | 40 | 0 |
Орден за заслуги на Италијанската Република
— Рим, 12 јули 2000. На иницијатива на Претседателот на Републиката.[18]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.