Ам Гросен Брух
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ам Гросен Брух (германски: Am Grossen Bruch) — општина во округот Берде, во Саксонија-Анхалт, Германија. Таа е дел од заедницата на општини Вестлихе Берде.
Ам Гросен Брух | |
Парохиската црква во Хамерслебен | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија-Анхалт |
Округ | Берде |
Општ. заед. | Вестлихе Берде |
Месни единици | 4 |
Градоначалник | Дитмар Хобом (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 50 км2 |
Надм. височина | 99 м |
Население | 2.029 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 41 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | BK |
Пошт. бр. | 39393 |
Повик. бр. | 039401 |
Портал | www.vgem- westlicheboerde.de |
Местоположба на Ам Гросен Брух во рамките на округот Берде | |
Координати | 52°4′N 11°5′E |
Општина се создала на 1 јули 2004 со спојување на селата Гунслебен, Хамерслебен, Нојдам и Нојвергерслебен. Името Гросес Брух означува „Големо мочуриште“, давајќи значење на мочуришната површина на поранешната ледничка долина, протегајќи се околу 45 километри од Ошерслебен и реката Боде на исток и до Хорнбург на запад.
Hamersleben бил првпат споменат во 1021 и во 1111 станал дом на авгунистинскиот манастир, кога Рајнхард, бискуп на Халберштат го основал кај Остервик три години порано. Двојниот манастир станал седиште на архиѓаконот во 1178. Се придружил на Конгрегацијаа од Виндесхајм во 1452. Во текот на реформацијата Хамерслебен бил уништен во текот на Германската селанска војна во 1525, повторно од трупите на тогашната лутеранска надбискупија Магдебург и повторно од силите на Шведската империја во текот на Триесетгодишната војна. И покрај тоа, опатијата останала римокатоличка сè до нејзиното распуштање во 1804. Црквата Свети Панкрас во католичкиот манастир е романска градба, која е позната по нејзините барокни оргули изградени во 1688. Денес, претставува станица на пејзажниот Пат на романиката.
Ам Гросен Брух се наоѓа на сојузниот автопат 245, кој води од Халберштат до Халденслебен. Во Neuwegersleben автопатот 246 до Ванцлебен се раздвојува. Железничката линија од Ошерслебен до Јерксхајм во Долна Саксонија била затворена во 1992.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.