From Wikipedia, the free encyclopedia
Чемерика или бела чемерика (науч. Veratrum album)[1] е отровно растение од семејството Melanthiaceae . Потекнува од Европа и делови од западна Азија (западен Сибир, Турција, Кавказ).[2]
Чемерика | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Растенија |
клад: | Скриеносеменици |
клад: | Монокотиледони |
Ред: | Лилјаноцветни |
Семејство: | Чемерики |
Род: | Чемерика |
Вид: | Чемерика |
Научен назив | |
Veratrum album L. | |
Чемериката е високо повеќегодишно тревно растение со наизменични, набрани лисја. Цветовите се бели, со зелена боја на горниот дел од стебленцето. Плодот е мала мешунка која содржи крилести семиња. Стеблата се 50-175 см високи. Растенијата имаат животен век од неколку века и често постигнуваат доминација во дивите области бидејќи се непријатни за тревопасните животни што пасат.[3]
Екстрактите од исушените ризоми на чемериката беа кратко време користени и како пестицид против компирoвата златица.[4]
Во 1890 година, Георг Салцбергер прв го пронашол и го нарекол алкалоидот протовератрин.[5] Подоцнежното истражување покажало дека протовератринот е мешавина од два тесно поврзани алкалоиди, протовератрин А и [6] Б. Меѓу 1940тите и 1950тите, чемериката била проучувана во примарната хипертензија, хипертензија за време на бубрежна слабост и прееклампсија.[7][8]
Чемериката се одгледува како украсно растение. Во Велика Британија ја добила наградата за заслуги на градината на Кралското хортикултурно друштво.[9][10]
Во пијалоци, чемериката е помешана со безопасната жолта линцура (Gentiana lutea) или див лук (Allium ursinum), што резултира со труење.[11][12][13] Сите делови на растението се отровни, вклучувајќи ја и неговата арома.[14]
Симптомите на труење со чемерика обично се јавуваат во рок од триесет минути до четири часа по конзумирање.[15][16]
Третманот за труење со чемериката вклучува поддржувачка нега и третмани на симптомите, како што се прочистување со течности и антиеметици . Атропинот и вазопресорите делуваат во борбата против брадикардијата и хипотензијата. Болеста може да трае до десет дена, но целосно закрепнување е можно во рок од неколку часа во зависност од дозата на лековите и третманот.[15]
Различни „Veratrum алкалоиди“ од чемерика биле пронајдени во германски прашок за кивање во 1982 година, а како последица следело труење на луѓето кои го конзумирале или вдишале.[17] Прашокот за кивање најчесто се користел за меѓусебно шегување. Во 1983 година, имало девет случаи на случајно труење како резултат на овие шеги поради присуството на алкалоиди од чемерика во прашокот за кивање.[18] Жртвите биле девет момчиња на возраст меѓу 11 и 18 години во скандинавските земји кои користеле залихи увезени од Сојузна Република Германија . Сите момчиња го вдишале прашокот, а шест го конзумирале. Симптомите обично се појавуваат во рок од еден час, по што биле упатени повици до властите. По кивањето, сите жртви почнале да развиваат гастроинтестинални проблеми како повраќање и две жртви пројавиле епигастрична болка. Три од децата колабирале поради низок крвен притисок пред да бидат примени во болница. Седум од децата имале значително намален крвен притисок, а пет имале случаи на синусна брадикардија, без други симптоми. Половина од оние кои го проголтале прашокот биле третирани со гастрична лаважа . На четири жртви им бил даден атропин за борба против брадикардија, а на еден од нив активен јаглен . Атропинот ги нормализирал отчукувања на срцето во рок од неколку минути, но помогнал малку при нискиот крвен притисок. Сите пациенти закрепнале во рок од дваесет и четири часа.[17]
Во 2005 и 2008 година имало три пријавени случаи на случајно труење.[11][12] Единаесет деца на возраст од 8 до 12 години, во 2009 година случајно проголтале чемерика во младински камп каде подготвувале домашен чај од свежи билки. Две деца останале асимптоматски, девет развиле благи гастроинтестинални симптоми, шест покажале невролошки симптоми и три покажале брадикардија; по медицинска нега, сите деца закрепнале.[19] Четири случаи на случајно труење биле пријавени во 2010 година, откако чемериката била помешана со див лук и се користела во салати и супи.[13] Сите жртви развиле гадење, повраќање, абдоминална болка, синусна брадикардија и хипотензија. Целосното закрепнување траело помеѓу дваесет и четири часа и четириесет и осум часа.
Во дебата меѓу историчари се дискутира за причината на смртта на Александар Македонски. Некои веруваат дека Македонскиот крал починал од природни причини а некои веруваат дека бил отруен. Се предложува дека неговиот потесен круг на познаници планирал да му изврши атентат на неговото враќање во Вавилон. Теорија предложена од Шеп во 2013 гласи дека чемериката била употребена за да се убие Александар Македонски. Шеп аргументирал дека вообичаените причинители за труење, како арсен и стрихнин би влијаеле многу брзо за да се совпаѓаат со историските настани. Александар бил болен 12 дена и имал симптоми слични на симптомите од труење со чемерика. Теоријата е особено поддржана од идејата дека Александар пиел вино отруено со чемерика. Извори од Диодорус гласат дека кралот бил во болка после пиење голема чинија од немешано вино во чест на Херкулес.
Чемериката содржи повеќе од педесет стероидни алкалоиди наречени „Veratrum алкалоиди“, вклучувајќи О-ацетилјервин, цевадин, криптенамин, циклопамин (11-деоксојервин), циклопозин, гермитрин, гермидин, џервин, мулдамин, протовератрин(А и Б), вератрамин, вератридин, и верилоид.[20][21][22] Некои од главните токсини имаат модифициран стероиден шаблон, додека други се разликуваат во нивните делови од естерифицирана киселина.[15] Општо земено, Veratrum алкалоидите делуваат така што ја зголемуваат пропустливоста на натриумовите канали на нервните клетки, предизвикувајќи нивно постојано палење. Зголемената стимулација, поврзана со нервот луталник, резултира со Безолд-Јариш рефлекс: хипотензија, брадикардија и апнеја .[15]
Невротоксичноста на Veratrum алкалоидите произлегува од нивниот ефект врз натриумовите јонски канали на нервните клетки.[23] Алкалоидите ги деполаризираат нервите со подобрување на размената на Na + и K + низ мембраната.[24]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.