From Wikipedia, the free encyclopedia
Ризом (од старогрчки: ῥίζωμα) или кореништe — видоизменетo стеблo кај некои повеќегодишни тревести растенија коe можe да бидe хоризонтално или косо поставенo во однос на површината на земјата. Од долната страна на ризомот се наоѓаат дополнителни (адвентивни) корења, додека странично или од горната страна се развиваат пупките на новиот летораст. Првенствено служат како резервоари за храна која му е потребна на надземниот изданок за идната вегетациска сезона или за вегетативно размножување.[1] Во ризомите на некои видови растенија (како ѓумбир, куркума, момина солза, шаш) се создаваат и се насобираат вторични метаболити кои се одговорни за лековитите својства или отровноста на овие растенија.
Ризомите може да бидат:
Според тоа дали растат нешто над земјата или под површината на земјата, разликуваме епигени и хипогени ризоми, соодветно.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.