From Wikipedia, the free encyclopedia
Пестицидите (од латински pestis = чума, штетник; caedere = убива) се голема група на отровни материи (токсини) кои се употребуваат во земјоделството со цел да се заштитат земјоделските култури од штетници, а со тоа добивање на поголем принос (во вид на храна и слично).
Пестицидите можат да бидат природни или синтетски средства. Нивната селективна токсичност е дискутабилна, бидејќи механизмите на делување на повеќето токсини се слични за различни организми. На пример, сите невротоксични отрови делуваат на сличен начин. Постојат две главни стратегии (начини) на дејствување на пестицидите:
Според видот на организмот врз кој дејствуваат, пестицидите можат да се поделат на:
Според местото на влез во организмот, се разликуваат пестициди кои навлегуваат преку: усната празнина, кожата и респираторниот систем.
Во праисториското време, како инсектицид се употребувал чадот (кој ги брка инсектите). Во Хомеровите епови се спомнува сулфурот, кој се користел во сулфурирањето на бочвите за вино. Во 79 година п.н.е. се спомнува арсенот како хомоцид. Кинезите од 10 век го употребуваат оловниот арсеноат. Во 17 век се користел никотинот како пестицид против болвите на кучињата и мачките, а до Втората светска војна - нафтата, флуорот, динитро соединенијата, тиоцијанатите. Од 1892 се користи т.н. бордошка супа, која претставува смеса од бакар (II) сулфат пентахидрат и калциум карбонат, а од 1897 формалдехидот. По Втората светска војна се создадени синтетски соединенија поради нивната употреба во бојните отрови, но тие се користеле и во пестицидите - на пример, во DDT.
Активната состојка на пестицидот е всушност соединението кое тој го содржи. Постојат најразлични пестициди кои се разликуваат по својот хемиски состав. На пример, има пестициди кои се состојат од неоргански соединенија, од биолошки состојки (соединенија кои ги создаваат самите растенија, животни, габи, бактерии - на пример никотин); од една активна состојка има неколку паралелни производи кои се разликуваат по адитивите и произведувачот.
Поради кружењето на неразградените пестициди во биосферата, отрови се пронајдени и на места на Земјата каде тие никогаш не се користеле. На пример, DDT е најден во мразот на Антарктикот во 1960 година. Преку ланецот на исхрана, концентрацијата на отровите се зголемува, зависно од брзината на метаболизмот на поединечните алки во ланецот. На пример, концентрацијата на DDT кај човекот, кој се наоѓа на врвот на ланецот на исхрана, може да достигне и до 6,0 ppm. DDT во организмот се изменува во деривати, слично како и во природата, по што доаѓа до промена во хемијата и токсичноста. Меѓутоа, имајќи предвид дека во желудникот се лачи хлороводородна киселина, со хлорирањето на DDT, тој може да стане и уште потоксичен.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.