Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Микроорганизам или микроб[1] — секој жив организам кој не е видлив со човечкото око. Микроорганизмите можат да бидат припадници на речиси сите царства на живи организми. Обично кога се зборува за микроорганизми се мисли на бактериите (и вирусите, кои сепак не се живи организми, туку се на границата помеѓу живо и неживо). Но, живиот свет на планетата Земја изобилува и со растенија, животни, габи и протисти кои се микроорганизми.
Од аспект на растителното и животинското царство, во екологијата постојат посебни поделби на микроорганизмите. Микроскопските растенија се опфатени со поимот микрофлора (или микрофити), додека микроскопските животни се опфатени со терминот микрофауна. Овие поделби, сепак, не се толку строги и не се однесуваат само за припадници на растителното, односно животинското царство (како што укажуваат самите термини). На пример, во микрофити се вклучени бактериите, алгите и некои габи, додека во микрофауна се вклучени и праживотните.
Како позначајни претставници на микрофити се јавуваат цијанобактериите и зелените алги, додека микроскопски животни се многу без‘рбтеници, на пример, дерматофагоидите, одредени групи на ракови (како водната болва Daphnia magna), човечката болва Pulex irritans или, пак, многу слободноживеачки видови на цевчести црви.
Најзначајни микроскопски габи се Saccharomyces cerevisiae, Schizosaccharomyces pombe и Candida albicans.
Микроорганизмите може да се најдат речиси секаде во таксономската организација на животот на планетата. Бактериите и археите се речиси секогаш микроскопски, некои од еукариотите се исто така микроскопски, вклучувајќи ги повеќето протисти, некои фунги, како и некои животни и растенија. Вирусите општо се зема дека не се живи според што не се микроби, меѓутоа полето на микробиологија ги проучува и вирусите.
Прокариотите се организми кои се наоѓаат во јадрото на клетките и други мембрански органели. Тие речиси секогаш се едноклеточни иако некои видови како мискобактеријата може да агрегира во комплексна структура како дел од нејзиниот животен циклус.
Бактериите се практично невидливи за голото око, со исклучок на одредени екстремни случаи, како што е Thiomargarita namibiensis.[3] Тие се наоѓаат во мембранските органиели, и може да функционираа и да се репродуцираат како посебни клетки, често се здружуваат во повеќеклеточни колонии.[4] Нивниот геном вообичаено е еден циклус од DNA, иако тие може да заземат мали делови од DNA наречени плазмиди. Овие плазмиди може да се пренесуваат помеѓу клетките преку нактериска конјугација. Бактериите се опкружени со клеточен ѕид, кој овозможува заштита и ригидност на нивните клетки. Тие се репродуцираат со бинарна поделба или понекогаш преку пупење, но никогаш преку сексуална репродукција. Некои видови на бактерии формираат невообичаено отпорни спори, за бактериите ова е механизам за преживување, не репродукција. Во оптимални услови бактериите може да се размножуваат екстремно брзо и може да се удвојуваат на секои 10 минути.[5]
Археите се исто така едноклеточни организми кои опстануваат во клеточните јадра. Во минатото, разликата помеѓу бактериите и археите не била воочувана и археите биле класифицирани со бактериите како дел од царството монера. Меѓутоа, во 1990 година микробиологит Карл Везе го вовел тридоменскиот систем според кој направил поделба на бактерии, археи и еукариоти.[6] Археите се разликуваат од бактериите според нивната генетска и биохемиска структура. Така на пример, додека клеточната мембрана на бактериите е составена од фосфоглицериди со естерски врски, мембраната кај археите е составена од етерни липиди.[7]
Археите на почетокот биле откриени во екстремните животни услови, како што се жешките извори, меѓутоа подоцна најдени се археи во сите типови на хабитати.[8] Дури сега научниците почнуваат да сфаќаат колку се вообичаени археите во нашата животна околина, пример Crenarchaeota е најчеста форма на живот во океаните, која доминира со екосистемите на длабочина под 150 m.[9][10] Овие организми исто така се вообичаени во почвата и играат витална улога во амониалната осидација.[11]
Повеќето живи битија кои се видливи со голо око се еукариотите, во кои спаѓа и човекот. Меѓутоа, голем број на еукариоти се исто така микроорганизми. За разлика од бактериите и археите, еукариотите содржат органели како што се клеточните јадра, Голџиев систем и митохондрии во нивните клетки. Јадрото е органел во кој е сместена DNA која е составена од геномски клетки. DNA пак е составена од комплекс на хромозоми.[12] Митохондриите се органели витални во метаболизмот.[13] Како и бактериските, растителните клетки поседуваат клеточни ѕидови и содржат органели како хлоропласти кои ги нема кај другите еукариоти. Хлоропластите произведуваат енергија од светлината по пат на фотосинтеза, а првобитно биле и симбиотски бактерии.[13]
Од еукариотските групи, протистите се најчесто едноклеточни и микроскопски. Ова е многу диверзифицирана група на организми кои не е лесно да се класифицираат.[14][15] Неколку видови алги се повеќеклеточни протисти, наспроти slime molds кои имаат уникатен животен циклус низ кој поминуваат, менувајќи се од едноклеточни, колонијални и повеќеклеточни форми.[16] Голем број на суштества од пртозоата се неопределени, бидејќи се идентификувани само мал дел од различностите во оваа група на организми..[17][18]
Повеќето животни се повеќеклеточни,[19] но некои се толку мали што не можат да се видат со голо око. Микро-животните можат да се размножуваат по пат на сексуална активност или да се асексуални несејќи јајца. Некои од едноставните животни. можат комплетно да дехидрираат и да останат во сон многу долг временски период.[20]
Кај габите има неколку едноклеточни вида, (Saccharomyces cerevisiae) и (Schizosaccharomyces pombe).[21] Фунгите можат да се размножуваат асексуално и сексуално, со делба, како и продуцирајќи спори, наречени конидиа кога се продуцираат асексуално, или басидиоспори кога се продуцираат сексуално.
Зелените алги се голема група на фотосинтетички еукариоти во која припаѓаат голем број на микроскопски организми. Меѓутоа некои зелени алги се класифицирани како протисти, некои, пример карофитите се класифицирани заедно со ембриофитни растенија, кои се најпозната група на растенија на земјата. Алгите можат да се развиваат како едноклеточни или во долги ланци на клетки. Постојат околу 6000 вида на зелени алги.[22]
Микроорганизмите се наоѓаат во речиси секое живеалиште кое постои во природата. Дури и во негостољубивите средини како ледените полови на земјата, пустините, карпите и во морските длабочини. Некои типови на микроорганизми се адаптирани за живот во екстремните услови, овие организми се познати како екстремофили. Екстремофилите се пронајдени во карпите ископани на дури 7 километри под Земјината површина,[23] и се претпоставува дека бројот на живи организми под Земјината површина е споредлив со бројот на живи организми на или над Земјината површина. Познато е дека екстремофилите можат да преживеат долго време во вакуум, и можат да бидат отпорни на радиација, што им овозможува да преживеат во вселената.[24] Многу типови на микроорганизми имаат блиска симбиотска врска со другите поголеми организми; некои од нив имаат заеднички интерес од таа симбиоза (мутуализам), додека други можат да го оштетат организмот домаќин (паразитизам). Ако микроорганизмите предизвикуваат болест кај домаќинот тие се нарекуваат патогени микроорганизми.
Екстремофилите се микроорганизми кои се адаптирале на тој начин што можат да преживеат и опстанат во услови кои во нормални услови се фатални за останатите животни форми. Пример, некои видови се најдени во средини со екстремни температури,[25] as low as −17 °C (1 °F)[26], алкални средини,[27] up to pH 11.5[28], солени средини,[29], средини со екстремни вредности на притисок (над 1,000-2,000 atm, или на 0 atm (т.е. вакуум во вселената)[30], средини со висока радиација, над 5k Gy.[31]
Екстремофилите се значајни од повеќе аспекти. Тие го прошируваат просторот за живот во Земјината хидросфера, почва и атмосфера, нивните поединечни приспособувања кои ги развиле во текот на еволуцијата за ќивот во екстремните средини може да се употребат во биотехнологијата, нивниот опстанок во ваквии екстремни услови ги зголемува потенцијалите за екстратерестријален живот.[32]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.