Чеган
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Чеган (грчки: Άγιος Αθανάσιος, Агиос Атанасиос, до 1926 г. Τσέγανη, Цегани[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 67 жители (2011) и до денес е целосно населено со Македонци.[3] Традиционална селска слава е Спасовден. Поновото село Нов Чеган (грчки: Νέος Άγιος Αθανάσιος, Неос Агиос Атанасиос), 4 км северозападно од Чеган има 451 жител (2011).
Чеган Άγιος Αθανάσιος | |
---|---|
Поглед на Чеган | |
Координати: 40°51.31′N 21°46.06′E | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Постол |
Општина | Воден |
Општ. единица | Островско Езеро |
Надм. вис. | м | 1,220
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 67 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Селото се наоѓа во југозападните падини на планината Ниџе, 30 км западно од Воден и надморска височина од 1.220 м.[3] Селото е изградено на висорамнина високо на составната планина Мала Ниџе, во борови шуми под врвот Пиперица (1.998 м). Во атарот влегува и некогашното село Бегна, каде жителите на Чеган имаат имоти останати од времето кога било посебна населба.
Познато е дека црквата „Вознесение Христово“ во Чеган датира од 1700 г.[4] Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го опишал Чегано како македонско[5] село.[6] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Чеганче (Tchegantche) имало 124 домаќинства со вкупно 547 жители Македонци[7].[8]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Чеган живееле 750 Македонци[7].[9]
По Илинденското востание целото село потпаднало под црковно владеење на Бугарската егзархија.[10] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Чеган има 1 200 Македонци[7] под егзархијата.[11]
Во 1902 г. Христо Силјанов запишал за Чеган:
Од Жерве се кинисавме за Чеган, самотно сточарско село, живописно сместено на висока падина на Ниџе. Патот не е долг, но главоломно стрмен и исцрпувачки.
Веќе навикнат на тешки походи, не се обесхрабрив од предупредувањето на другарите дека одиме во највисокото село во нашето подрачје. Но тие имаа право. Добро го запомнив Чеган по бревтањето по стрмнината, по првобитноста на неговите жители, со густото кисело млеко што ни го донесоа и со онаа особена тешка миризба на овчи кожи и добиток која се впила и во луѓето и во сите нивни работи.[12]
През 1908 г. в селото се открива народно училиште. Според просветниот деец Георги Трајчев, ова било четиригодишно основно училиште, а имало и едно забавиште.[13]
Со Букурешкиот договор во 1913 г. е припоен кон грчката држава, кога имал 1.043 жители.[3] При акцијата за собирање на оружје, грчките единици на чело со грчкиот свештеник претепале шестмина жители на селото.[14]
За време на Првата светска војна во август 1916 г. на подрачјето на Чеган се развивала големата Чеганска офанзива (Леринска битка) меѓу Бугарите и Антантата, по што за кратко Бугарите успеваат да го заземат селото. Во 1920 г. во Чеган се евидентирани 948 жители. Во 1926 г. селото е преименувано во Агиос Атанасиос,[15] но името „Цегани“ се употребува и денес.[16]
Чеган значително настрадал Втората светска и Граѓанската војна, во кои многу жители загинале како активни борци во борбата против фашизмот.[3] Бројни семејства биле принудени да се иселат во Р Македонија и источноевропските земји, а самото село останало напуштено.[3] Жителите биле преселени нешто пониско, во новосоздаденото село Нов Чеган (Неос Агиос Атанасиос), 8 км северозападно од старото. По нормализацијата на состојбите, дел од жителите се вратиле и го обновиле селото,[3] но населението веќе било значајно намалено и понатаму опаѓало, за што сведочи фактот што денес тоа има само 67 жители. Присилното иселување на селаните се смета за политичко-стратешка одлука, со цел да се олесни нивната асимилација поради блискоста на новото место со сообраќајниците.[3] Старото село на почетокот на XXI век во голема мера станало туристичка атракција во се изградени десетици нови куќи во традицонален стил со камени и современи ќерамидни покриви, сепак губејќи го автентичниот изглед.
Жителите на Чеган се занимаваат претежно со сточарство, но произведуваат и многу ореви, костени, цреши како и ограничени количества пченица и пченка.[3]
Намалувањето на жителите се должи принудната преселба на жителите во Нов Чеган, но и на преселувањето на неколку десетини семејства во градовите во земјата и во странство.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1395 | 722 | 997 | 703 | 483 | 94 | 184 | 67 |
Селото припаѓа на општинската единица Островско Езеро со седиште во Острово, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Чеган, каде спаѓа и селото Нов Чеган.
На 26 декември 2008 г. во Скопје е регистрирано „Здружението „Чеган“, со полно име Здружение на бегалците и нивните потомци од Егејскиот дел на Македонија „Чеган“. На 23 мај 2009 г. во организација на здружението во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ е одржана панихида за борците од Чеган загинати во периодот од 1922 до 1949 г. На 28 мај истата година во кругот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, во чест на селската слава Спасовден, претставници од здружението „Чеган“ положиле цвеќе на гробот на Гоце Делчев.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.