From Wikipedia, the free encyclopedia
Антантата (од француски entente [ɑ̃tɑ̃t] „договор“) била воен сојуз кој бил создаден помеѓу Русија, Франција и Обединетото Кралство со цел зачувување на светските граници и спротивставување на империјалистичките цели на земјите од Централниот сојуз.
Русија била членка на Лигата на трите императори. Меѓутоа по распаѓањето на ваквата лига и судирот помеѓу Русија и Австроунгарија за превласт на Балкански Полуостров, германскиот канцелар Ото фон Бизмарк во 1887 година се обидел да го осигура пријателството со Русија. Но, по неговото разрешување во 1890 година, германскиот крал Вилхелм II не успеал да ги задржи односите со Русија, па Русија склучила сојузништво со Франција во 1894 година.
Во последната декада на 19 век Британија била во изолација. Во почетокот на 20 век како најголеми противници на Обединетото Кралство биле Русија и Франција. Но во тоа време империјалистички цели најавила Германија што започнало да го принудува Обединетото Кралство да ја промени својата надворешна политика и да се приближи кон Франција и Русија.
Трите најголеми причини биле:
Во 1907 година е склучена спогодба помеѓу Обединетото Кралство и Русија со цел да се контролира состојбата во Персија, Авганистан и Тибет, бидејќи Германија веќе имала империјалистички стремежи на овој дел од светот.
Втората француска империја стапила во војна со Прусија и нејзините сојузници,а новоформираната Француска република била срамно поразена во Француско-пруската војна, а по војната со примирјето во Франфурт Франција била должна да и ги отстапи на Германија индустриските предели Алзас и Лорењ коишто биле додадени во новосоздадената германска држава. Кај Франција се јавило соперништво спрема Германија и таа имала желба да ги врати своите територии назад.
Кон крајот на 19 век во Европа Русија била најголема држава од шесте најмоќни, но и економски најзаостаната.
Русија имала големо соперништво со Австроунгарија со којашто поблагите односи од средината на 19 век повторно ги влошила поради нејзините аспирации за проширување на своето влијание на Балканскиот Полуостров. Тоа многу силно ја погодила Русија којашто се стремела да го зачува своето влијание на Балканскиот Полуостров. Така Русија во 1894 година склучила сојузништво со Франција, а во 1907 и со Обединетото Кралство коишто исто така се залагале за спречување на влијанието на Германија и Австроунгарија.
Соперништвото помеѓу Русија и Австроунгарија кулминирало во 1908 година кога Австроунгарија извршила анексија на Босна и Херцеговина. Тогаш Русија дури започнала и финансиски и воено да ги помага Србија и Црна Гора.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.