Црногорски племиња
From Wikipedia, the free encyclopedia
Племиња во Црна Гора (црногорски: племена Црне Горе) или црногорски племиња (црногорски: црногорска племена) ― поранешни племиња во областите на Стара Црна Гора, Брда, Стара Херцеговина и Приморје.[A]
Повеќето племиња биле создадени во 15 и 16 век, за време и по османлиското освојување на средновековната држава Зета, каде што ги замениле поранешните административни единици познати како жупании. Како резултат на тоа, племенските територии станале и основни геополитички единици при поголемите административни едининици на Отоманската Империја, како што се Црногорскиот Вилает, источните делови на Херцеговинскиот Санџак и делови од Скадарскиот Санџак. Од крајот на 14 век до 18 век, некои племиња биле исто така под власт на Венецијанска Албанија (колонија на Венецијанската Република). Во 18 век, многу племиња станале дел од Митрополството Црна Гора и по 1858 година повеќето од нив биле обединети во Кнежеството Црна Гора.
Племенското собрание (црногорски: збор) на Кнежеството Црна Гора првично било службено составено од двете заедници од Стара Црна Гора (старите Црногорци) и Брда (Брѓаните). Меѓутоа, во антрополошките и историските студии, племињата се поделени на оние на Стара Црна Гора, Брда, Стара Херцеговина и Приморје, потоа на подгрупи ( братства или кланови) и на крајот на семејства. Денес тие главно се изучувани во рамките на општествената антропологија и семејната историја, бидејќи не биле користени во службените структури уште од времето на Кнежеството Црна Гора, иако некои племенски региони се преклопуваат со современите општински области. Групите на сродство даваат чувство на заеднички идентитет и потекло.