Општествена антропологија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Општествената антропологија — една од четирите или пет гранки на антропологијата, која проучува како современиот човек се однесува во општествени групи. Практикантите на општествената антропологија ги проучуваат, честопати преку долготрајни и интензивни теренски испитувања (вклучувајќи ги и методите на набљудување на учесниците), општествената организација на една одредена личност: обичаите, економската и политичката организираност, правото и разрешување на конфликти, модели на потрошувачка и размена, роднински врски и семејна структура, односите помеѓу половите, подигање на деца и нивна социјализација, религија итн.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Општествената антропологија исто така ја изучува улогата на значењата, двосмисленостите и контрадикциите во општествениот живот, моделите на социјализирање, насилството и конфликтот, како и логиката која лежи во основата на општественото однесување. Општествените антрополози се обучени во сферата на толкување на наративното, ритуалното и симболичното однесување не само како текст, туку и со комуникација следена во однос на постапките, практиките и историскиот контекст во кој таа е вградена. Општествените антрополози ја посочуваат разнообразноста на позициите и перспективите кои можат да се најдат во која било општествена група.
Името општествена антропологија се користи во Обединетото Кралство[1], но тоа е тема тесно поврзана со, или дури и еднаква на културната антропологија[2], при што вториов термин почесто се употребува во други земји од англиското говорно подрачје.