Црнобуки
село во Општина Битола From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Битола From Wikipedia, the free encyclopedia
Црнобуки — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.
Црнобуки | |
Координати 41°7′27″N 21°19′23″E | |
Општина | Битола |
Население | 264 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 02123 |
Надм. вис. | 573 м |
Црнобуки на општинската карта Атарот на Црнобуки во рамките на општината | |
Црнобуки на Ризницата |
Црнобуки е пелагониско село со четиристотини жители и се наоѓа на стратешка позиција на само неколку километри пред Битола, помеѓу двете патни артерии кон Демир Хисар и Прилеп. До таму води патот за Демир Хисар преку Кукуречани, а веднаш потоа забраздува низ полето сè до реката Шемница, околу која се изградени куќите. Селските ниви се распослани кон утробите на Пелагониската Котлина до „прилепското џаде“ кај месноста Петилеб, а на другата страна над црквата се ридовите кои од памтивек селаните ги викаат Градиште. Од кај Лисолај, село со најубавото битолско грозје, земјен пат се искачува кон височините. Таму под самиот врв, во сува рида, зад едно големо дрво, од стените извира кладенецот Самовилец, кој никогаш не пресушил. Тука секогаш има оставено крпи, пари и други дарови. Селаните го сметаат за петочна вода. Од секаде доаѓаат жени што немаат пород. Оваа вода со својата мистичност и моќ, испиена во петок, помогнала намерничките да го добијат најпосакуваниот божји дар, породот и мајчинството, велат селските преданија. Оттаму, кон долината на Шемница распослан е големиот рид Стари Град. На самиот врв има две пештери, во кои девет децении никој не влегол. Најстарите од Макаловци, Белокозовци, Брдаровци и другите црнобучки семејства раскажуваат дека таму биле стационирани војските од Прва светска војна. Во едната пештера бил лазаретот, а друга била магацин со муниција. Долу под селото се пресекувал фронтот и по Шемница течела крв до колена. До денес, овие тајни останаа неразгатнати, а уште помалку тајните од далечните времиња.
Од памтивек по нивите и селските дворови, селаните од Црнобуки наоѓале разни предмети од античко време: ќупови, амфори, мермерни предмети и монети. Кога се направија колективите во времето на социјалистичките егзалтации и селски мачнини, возрасните биле загрижени за опстанокот на нивните семејства, а децата си играле со тие предмети. Никој не помислувал дека тоа се скриените камчиња на еден голем мозаик, што по половина век и подоцна, ќе ги создаде дилемите, дека тука се крие колевката на последниот македонски цар Персеј и дека во утробите на Стари Град се крие царството Персеида. "Селската чешма, која се напојува со изворска вода близу црквата, ја преместивме малку погоре од патот. Тука го поставивме мермерниот мозаичен камен, кој е пронајден во нивите и е од прастаро време. Сакавме да ја украсиме чешмата и симболично да потсетува за преданијата што со векови се плетат за ова место", велат селаните.
Вкупно 6 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[2]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Црнобуки живееле 460 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Црнобуки имало 360 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Црнобуки се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 52 куќи.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 750 Македонци.[6]
Според пописот од 2002 година, во селото Црнобуки живеат 406 жители, сите Македонци.
Со миграционите движења кои ја доживеале својата поголема масовност во текот на 80-тите години, селото од големо преминало во средно по големина.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 264 жители, од кои 218 Македонци и 46 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 460 | 360 | 696 | 756 | 849 | 803 | 830 | 674 | 444 | 406 | 264 |
Црнобуки е чисто македонско православно село, во кое живеат доселенички родови. Сите родови се доселени до 1912та, т.е до крајот на турското владеење.
Родови во Црнобуки се:
Муслимански ромски род: во селото има и еден ромски род Самизовци (1 к.) доселени се од Ресен во 1930-тите.[12]
Во селото постои избирачкото место бр. 197 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 303 гласачи.[14]
Фудбалскиот клуб од село Црнобуки се вика "Црно Буки ЗЛ"[18] и во сезоната 2018/19 се натпреварува во третата лига Југозапад.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.