![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/7/74/Prespa_Lake_National_Maligrad_Church.jpg/640px-Prespa_Lake_National_Maligrad_Church.jpg&w=640&q=50)
Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Мал Град
пештерна црква на островот Мал Град, Мала Преспа / From Wikipedia, the free encyclopedia
Рождество на Пресвета Богородица[1] или само Пресвета Богородица (албански: Kisha e Shën Mërisë Maligrad) — православна пештерна црква на островот Мал Град во Преспанското Езеро.[2] Островот се наоѓа во македонската област Мала Преспа, во состав на Општина Пустец. Денес ѝ припаѓа на Горичката митрополија и прогласена е за споменик на културата на Албанија.[3]
Рождество на пресв. Богородица | |
---|---|
Shën Mërisë | |
![]() Влезот на црквата | |
![]() | |
40.7917° СГШ; 20.9328° ИГД / 40.7917; 20.9328 | |
Место | Мал Град, Мала Преспа |
Земја | Општина Пустец, Албанија |
Вероисповед | Албанска православна црква |
Архитектура | |
Изградба | 1345 |
Управа | |
Митрополија | Горичка |
Црквата е посветена на Рождеството на Богородица и низ вековите претрпела доста промени, за што сведочат трите зачувани натписи. Најстариот, сместен во апсидата, е од 1345 г. На него се запишани првите ктитори на храмот — Бојко и сопругата Евдокија. Вториот е од 1369 г. и се наоѓа северно од внатрешноста на западната врата, над ликовите на Св. Константин и Елена. На него се зборува за обновувачите на црквата — благодорникот Кесар Новак, сопругата Калија, синот Амирал и ќерката Марија.[4][5] Третиот натпис е од 1607 г. когато надворешната фасада е одново насликана со композицијата „Страшниот суд“.[4]
Во црквата има фрески и грчки натписи од 1369 г. Има фрески на семејството на Новак и Калија.[6][7]
Зографите на црквата се припадници на Костурската ликовна школа од втората половина на XIV век.[4] Нивни дела се живописите на црквата „Св. Атанасиј Музачки“ во Костур и „Исус Христос Животодавец“ во с. Борје кај Горица.[1]
- Поглед на островот Мал Град каде е сместена црквата.